Регион
(Видео) Вучиќ: Вакцинацијата е од клучно значење, првите дози во Србија за два-три дена
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на отворањето на новата ковид болница во Крушевац.Болницата е изградена за четири месеци, а првите пациенти ќе ги прими во понеделник.По пристигнувањето пред болницата, Вучиќ им се заблагодари на сите работници кои се обидоа што побрзо да ја изградат болницата.
Претседателот на Србија ја истакна важноста на болницата во Крушевац, не само за време на борбата против пандемијата, туку и подоцна. Вучиќ рече дека ќе даде се од себе вакцината да ја донесе во Србија и дека ЕУ нема да го спречи тоа.
„Вакцинацијата е од клучна важност, тие велат дека станува збор за удобност, но тоа е прашање на нашите животи. Верувам дека ќе ги добиеме првите вакцини Физер во следните два или три дена”, рече Вучиќ. Тој изјави дека наскоро се очекува кинеската вакцина, а потоа и американската „Модерна“.
„Како што се нашите можности, ние ќе набавиме сè“, вели претседателот на Србија. Како што нагласи, болницата е завршена во вистински момент и ќе ги ослободи постојните капацитети. Според него, болницата е добро опремена.
„Верувам дека наскоро ќе излеземе од оваа тешка ситуација и дека ќе бидеме посилни отколку што сме биле некогаш“, рече Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Регион
(Видео) Дете висеше од жичарата на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичарата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.

