Топ
Го погодило струја при обид за кражба на железничката станица во Трубарево
Момче на возраст од 20 до 25 години се здобило со висок степен на изгореници по телото при обид за кражба што се случила денеска околу 13 часот на железничката станица во Трубарево. Момчето со возило на итна помош било пренесено во болница.
Движејќи се по пруга, момчето се качило на шинско возило за одржување на контактната мрежа која била оставена на електрифициран колосек и по доближувањето во опасна зона на контактнта мрежа го погодило струја.
Момчето се здобило со висок степен на изгореници по телото.
Случајот е пријавен во полиција која работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“
Регион
Две тела најдени во стан во Крушевац, сомнежот е дека син ги убил родителите со нож, па се фрлил од зграда
Двојно убиство и самоубиство се случија утрово во семеен стан во Крушевац, а полицијата ги утврдува сите околности на овој случај. Според првите неофицијални информации од истрагата, млад човек извршил двојно убиство во семејниот стан, убивајќи ги своите родители со нож, по што извршил самоубиство скокајќи од зградата.
Случајот е откриен откако соседите пријавиле дека на тротоарот пред зградата има безживотно тело на маж. Кога полицијата и брзата помош пристигнале на местото на настанот, смртта била констатирана, а набрзо следел уште поголем шок.
При влегувањето во станот каде што мажот живеел со своите родители, припадниците на полицијата затекнале ужасна сцена. Телата на таткото и мајката биле пронајдени со бројни убодни рани во пределот на торзото и вратот.
Истрагата на лице место траела со часови, а полицијата, според информациите, го пронашла ножот со кој најверојатно е извршено злосторството.
„Местото на настанот било морничаво. На местото на злосторството било пронајдено ладно оружје со траги од крв, кое е испратено на вештачење“, изјавил извор близок до истрагата.
Свет
Расте бројот на повредени во рускиот напад врз Киев
Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ.
„Вкупниот број на повредени во главниот град сега е 19, од кои 11 се хоспитализирани“, напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм.
-Има и штети на станбени згради, градилишта и претпријатија. Како резултат на нападите, една третина од Киев остана без греење, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха.
Русија синоќа нападна неколку региони, вклучувајќи ги Черниговската, Николаевската, Харковската и Житомирската област.

