Европа
Европол: Запленета дрога вредна 85 милиони евра
Помеѓу 16 и 20 септември, Европол координираше обемна операција против трговци со дрога низ цела Европа, трговци со луѓе, криумчарење мигранти и фалсификување документи во која беа вклучени полициски сили на државите членки на ЕУ. Овие акции предизвикаа голем удар врз мрежите на дилери на дрога и резултираа во заплена на дрога вредна 85 милиони евра, соопшти Европол.
Запленети се и 11,3 тони суровини, со што е прекинато производството на амфетамин.Во зависност од методот на производство, таа количина суровини била доволна за да се произведат 6,3 тони амфетамин, во вредност од скоро 63 милиони евра на европскиот пазар.
Запленета е и дрога вредна 85 милиони евра, што е сериозен удар за европскиот пазар на дрога. Меѓудругото запленети се и 1.300 килограми кокаин, 22 килограми и 107 растенија канабис, 19.601 таблети екстази, 10,63 килограми амфетамин и шест килограми МДМА.
Во акцијата за борба против трговија со луѓе и мигранти со криумчарење мигранти спроведени се 411 апсења, идентификувани се 54 потенцијални жртви на трговија со луѓе, запленети се 1,1 милиони цигари и 223 килограми тутун…, објави денеска Европол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.
Европа
(Видео) Руската ракета испалена кон Лавов летала со брзина од 13.000 км/ч
Балистичката ракета што Русија ја употреби за напад врз градот Лавов синоќа се движела со брзина од приближно 13.000 километри на час. Информацијата е објавена на Фејсбук од страна на Западната воздушна команда, пишува „Украинска правда“.
Детали за нападот
Во официјалното соопштение се наведува дека нападот бил извршен врз инфраструктурни објекти.
Security camera footage which appears to capture tonight’s strike by a Russian “Oreshnik” Intermediate-Range Ballistic Missile (IRBM), equipped with a Conventional Multiple Independently Targetable Reentry Vehicle (MIRV), earlier against the Lviv Oblast of Western Ukraine. pic.twitter.com/LikuWRRgtS
— OSINTdefender (@sentdefender) January 8, 2026
„Во 23:47 часот на 8 јануари, непријателот извршил ракетен напад врз инфраструктурни објекти во Лавов, користејќи балистичка ракета. Ракетата се движела со брзина од приближно 13.000 км/ч по балистичка траекторија“, се вели во соопштението на Командата.
Тие додадоа дека точниот тип на ракета што се користела ќе се утврди дури по испитување на сите нејзини компоненти.

