Регион
Живот во страв во Петриња: „секој момент може нешто да падне“

Речиси секој земјотрес во Петриња ја загрозува веќе нарушената статика на зградите, затоа на граѓаните не им се препорачува да одат во центарот на градот.
„Овде постои голема опасност и зградите се понестабилни секој ден. Поради она што го гледаме, би им препорачал на сите да не одат во центарот на градот бидејќи нешто навистина може да падне во секој момент“, предупреди началникот на пожарникарската служба, Славко Туцаковиќ.
Пожарникарите исчистија сè пред неколку дена, но како последица на новите земјотреси од вчера повторно има малтер, плочки и тули на земјата. Вчерашниот земјотрес предизвика и дополнителни штети на загрозените куќи и ги исплаши граѓаните.
„Постојано сме на терен за расчистување и отстранување на опасностите за граѓаните од покривите, отстранување оџаци, работа со сопствениците на домовите, но и на разни компании, кои се тука да помогнат. Ние мора да дејствуваме на организиран и безбеден начин“, рече Туцаковиќ за ТВ „Нова“.
Тој рече дека се согласил со градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, за евакуација на населението од центарот на Петриња. Туцаковиќ исто така нагласи дека луѓето што доаѓаат во уништените делови на градот, само за да фотографираат, треба да знаат дека тоа е многу опасно.
Во последните 24 часа пожарникарите во областа имале 1.006 интервенции со 504 пожарникари во 204 противпожарни возила. Последниот силен земјотрес ја погоди Петриња вчера околу 18.30 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Словенија се подготвува за масовна имунизација во март и покрај недостигот на вакцини

Словенија ќе овозможи масовна вакцинација против Kовид-19 во март, изјави денеска во Љубљана координаторот на владата за вакцинација, Јелко Кацин, и најави дека утре пристигнуваат уште 24.000 дози од вакцината на „Астра зенека“.
Тој изјави дека Словенија има уште 15.000 дози во резерва и дека покрај утрешната испорака, очекува уште 40.000 дози на почетокот на следната недела.
„Ние сме организирани така што можеме да вакцинираме од 500.000 до 600.000 луѓе месечно, што значи околу 30.000 секој работен ден“, рече Кацин.
Сепак, „Хина“ објави дека, поради недостиг на вакцини, околу 240.000 граѓани ќе може да се имунизираат во март.
Следната недела, според владиниот план, наставниците и воспитувачите во училиштата и градинките ќе бидат вакцинирани, што е приоритет со оглед на претстојното отворање на средните училишта.
Кацин оцени дека вакцината на „Астра зенека“, која ќе пристигне во поголеми количини, е многу ефикасна и безбедна и дека граѓаните се заштитени од болеста девет месеци по примањето на втората доза.
Регион
Во Србија повторно повеќе од 4.000 новозаразени од коронавирус, 16 починати

Според последните податоци, коронавирусот е потврден кај 4.056 граѓани на Србија, а биле тестирани 16.175 примероци. Уште 16 лица починале како резултат на заразата.
Во моментот 161 пациент се на апарати за дишење.
Вкупниот број на смртни случаи е 4.491. Стапката на смртност е 0,96 проценти.
Од ден на ден расте бројот на хоспитализирани пациенти заболени од Ковид-19. Во изминатите неколку дена најмногу новозаболени има во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Кралево и во Врање.
Регион
Српската полиција уапси Бугарин и Македонец, се обиделе да прошверцуваат дрога

Српската гранична полиција и полицијата на Шид уапси 47-годишен бугарски државјанин и 41-годишен македонски државјанин.
Се сомнева дека се обиделе да прошверцуваат вкупно 171 таблета од списокот на психоактивни супстанции.
Тие се товарат за кривично дело неовластено држење наркотици, се наведува во соопштението на Полициската управа на Сремска Митровица.
Во соопштението се прецизира дека при прегледот на возилата управувани од осомничените на излез од Србија, полицијата пронашла и одзела вкупно 171 таблета од списокот на психоактивни супстанции.
Осомничените, заедно со кривични пријави, ќе бидат изведени во Основното јавно обвинителство во Шид.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер