Свет
Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата
Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше воведена по страотното масовно пукање во март годинава кога 51 лице беше убиено, а над 40 повредени при напад на две џамии во Крајстчрч.
Досега вкупно 10.242 парчиња огнено оружје биле предадени на полицијата, откако започна акцијата на 13 јули. Исто така, 1.269 парчиња оружје биле предадени анонимно, соопшти полицијата на Нов Зеланд.
Нов Зеланд ги заостри законите за оружје по терористичкиот напад во две џамии во Крајстчрч.
Осомничениот – кој користел повеќе пиштоли во нападот – добил лиценца за пиштол во ноември 2017 година и започнал со набавка на оружје легално во декември 2017 година, изјави премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн.
Ден по нападот, Ардерн рече дека законите за оружјето во земјата ќе се променат – и две недели по нападот, во парламентот беше донесен предлог-закон за забрана на полуавтоматско огнено оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

