Македонија
Избори на 5 јули ако нема консензус за измена на Изборниот законик
„Доколку има консензус од сите политички партии да се измени Изборниот законик, тогаш изборниот ден, наместо недела, односно 5 јули, може да биде среда, односно 8 јули, а наместо во сабота, болните и изнемоштените да гласаат во понеделник и вторник“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Според него, засега договор нема, а таква можност постои до сабота кога и завршува вонредната состојба, што е единствен механизам за измена на Изборниот законик и пролонгирање на изборите за три дена.
„За жал, знаете како, не е толку тешко да се биде паметен и да се фати можноста дали има можност за лидерска средба или не. Нема можност за лидерска средба и јас го разбирам претседателот Пендаровски кога вели: ‘Чуму да свикам трета лидерска средба кога пак ќе си одиме без договор. Барем да има некој ишарет, некоја близина за да се договориме за да се свика лидерска средба’. Останува можноста, секако, до крајот на денот, в сабота кога завршува вонредната состојба. Тоа значи денешниот и утрешниот ден ни стојат на располагање. Колку и да сака некој нешто да менува, не можеме и по делот на Уставот. Ниту можеме да свикаме Собрание, ниту можеме да го менуваме Уставот ниту, пак, законите. Тоа е единствена алатка, ни останува вонредната состојба. Граѓаните треба да знаат, вонредната состојба е поинаква од рестриктивните мерки. Вонредната состојба е за економските мерки, ние уште правиме реализација на вториот пакет, а третиот почнува оваа седмица. За четврти пакет нема потреба“, рече Заев.
Според него, Владата не треба да прави сама промени во таквите делови на Изборниот законик бидејќи, како што вели, секогаш, од самостојноста па досега, за вакви промени се постигнувало консензус од сите политички партии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

