Контакт

Македонија

Избори на 5 јули ако нема консензус за измена на Изборниот законик

Објавено пред

„Доколку има консензус од сите политички партии да се измени Изборниот законик, тогаш изборниот ден, наместо недела, односно 5 јули, може да биде среда, односно 8 јули, а наместо во сабота, болните и изнемоштените да гласаат во понеделник и вторник“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Според него, засега договор нема, а таква можност постои до сабота кога и завршува вонредната состојба, што е единствен механизам за измена на Изборниот законик и пролонгирање на изборите за три дена.

„За жал, знаете како, не е толку тешко да се биде паметен и да се фати можноста дали има можност за лидерска средба или не. Нема можност за лидерска средба и јас го разбирам претседателот Пендаровски кога вели: ‘Чуму да свикам трета лидерска средба кога пак ќе си одиме без договор. Барем да има некој ишарет, некоја близина за да се договориме за да се свика лидерска средба’. Останува можноста, секако, до крајот на денот, в сабота кога завршува вонредната состојба. Тоа значи денешниот и утрешниот ден ни стојат на располагање. Колку и да сака некој нешто да менува, не можеме и по делот на Уставот. Ниту можеме да свикаме Собрание, ниту можеме да го менуваме Уставот ниту, пак, законите. Тоа е единствена алатка, ни останува вонредната состојба. Граѓаните треба да знаат, вонредната состојба е поинаква од рестриктивните мерки. Вонредната состојба е за економските мерки, ние уште правиме реализација на вториот пакет, а третиот почнува оваа седмица. За четврти пакет нема потреба“, рече Заев.

Според него, Владата не треба да прави сама промени во таквите делови на Изборниот законик бидејќи, како што вели, секогаш, од самостојноста па досега, за вакви промени се постигнувало консензус од сите политички партии.

Македонија

Казнети 422 лица за неносење маска

Објавено пред

Полицијата казнила 422 лица за неносење заштитна маска во текот на изминатото деноноќие.

„Во текот на изминатото деноноќие (09/10.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 422 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ахмети: Ако ми го дадете мечот ќе ги видите моите крилја

Објавено пред

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети пред скопјани синоќа изрази увреување дека на 15 јули ќе победат.

„Пред нас и пред Вас е кандидатот за премиер на Република Северна Македонија и ова идеја не ја предложивме за да се шегуваме, ја предложивме за да ја оживуваме и материјализираме и тоа ќе го направиме затоа што е наше легитимно право. Жал ми е што моите колеги Македонци толку панично се однесуваат и зошто не излегуваат на дебати за да е соочат со Зибери, не станува збор тука затоа што не е на листата за пратеници, бидејќи и Мицковски од ВМРО не е кандидат но се појавува на дебати. Тие не ги имаат познавањата на Насер“, истакна Ахмети.

Барањето на Претседателот на ДУИ, Ахмети до симпатизерите, активистите, албанската младина, албанските патриоти и мисионери, беше на 15 јули да го дадат мечот, за потоа да видат како ќе ги постави крилјата.

„Никогаш ниту една војна не сум изгубил затоа што мечот ми беше поклон од борците,никогаш ниту една војна и борба не сум изгубил затоа што мечот ми го подарија патриотите, ниту една војна не сум изгубил и од поголемите противници од мене затоа што мечот ми го подарија мисионерите, на 15 јули заедно Ве повикувам да излезете и да ми ги дадете мечот и после ќе ги видат моите крилја и рамења и успешно да се соочувам во секој фронт“, заврши на крај Ахмети.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шекеринска: Груевски го нема, но неговиот дух и омраза уште ги храни ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

На 15 јули граѓаните ќе гласаат за бројот 3 и ќе одберат да продолжиме на правиот пат, кон Европската унија и НАТО и нема да дозволат обнова на режимот и изолација, порачаа носителите на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица пет Радмила Шекеринска и Јован Митрески, како и кандидатката за пратеник од Демир Хисар Марија Кочовска, на граѓанската трибина во Демир Хисар.

„Во 2016 година ни се случи власт која изгубила да не сака да замине, Груевски го нема, ама неговиот дух, неговите наредби, неговата омраза уште ги храни, уште стои позади нив, тоа се луѓето кои беа спремни да ги убијат легално избраните пратеници во Собранието, да ја воведат државата во граѓанска војна и сега ја бараат довербата на граѓаните“, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

За 2,5 години покажавме дека кога се сака се може и да се влезе во ЕУ и НАТО и да се враќаат парите кај граѓаните и да се намалат трошцоите и да се простат 10 милиони евра стари неплатени долгови, не плаќавме за стиропор кој глуми мермер, туку ги враќавме парите кај граѓаните, истакна Шекеринска.

„На 15 јули одлучуваме и за тоа дали на луѓето околу Мицкоски ќе им дадеме да експериментираат со јавното здравје, тоа се луѓето, кои во јавното здравство оставија пустош, не оставија без доктори и медицински сестри или ќе продолжиме од каде што сме денес, ќе вложуваме во повисоки плати за лекарите и здравствениот персонал, дали ќе бидеме подготвени кога кризата повторно ќе удри“, порача Шекеринска, додавајќи дека за време на коронакризата ние 550 милиони евра од буџетот пренасочивме во фирмите и во семејните буџети, 320.000 граѓани добија картички со вкупно 28 милиони евра да ги трошат на домашни производи.

„Стојам пред вас и ја барам вашата доверба, за да го завршиме започнатото, да завршиме со изградба на правна држава, да обезбедиме ред и поредок, како што влеговме во НАТО, така да влеземе во Европската унија и постојано да ги враќаме парите кон граѓаните за да обезбедиме посилна македонска економија“, им се обрати Шекеринска на демирхисарци, додавајќи дека на 15 јули треба да се одговори на прашањето дали сакаме да се вратиме во држава, во која многумина се плашат, а неколкумина владеа со сила и насилство, закани и уцени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздух, но...

Македонија1 час

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија2 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија2 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија12 часа

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија13 часа

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија15 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија16 часа

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија17 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ17 часа

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија18 часа

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Свет19 часа

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот...

Регион19 часа

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион21 час

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет22 часа

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион23 часа

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ23 часа

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија23 часа

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион1 ден

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија1 ден

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Досие