Топ
Канада ја одобри вакцината на „Фајзер“
Канада објави дека ја одобрила вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ и со тоа стана третата земја, по Велика Британија и Бахреин, што ѝ даде зелено светло на оваа вакцина против коронавирус.
„Канаѓаните можат да бидат уверени дека процесот на скрининг е ригорозен и дека имаме ефективни системи за контрола“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Владата на премиерот Џастин Трудо во понеделникот објави дека вакцинацијата на Канаѓаните ќе може да започне неколку дена по одобрувањето од Министерството за здравство.
Во Канада од коронавирус заболеле 435.000 луѓе и скоро 13.000 починаа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

