Регион
Кинеските експерти предупредуваат: Вирусот е сè уште тука, вратете ги мерките во Србија
Тим кинески експерти, кои се наоѓаат во Србија од почетокот на епидемијата, предупредија дека вирусот сè уште е тука и дека епидемијата сè уште не е завршена. По повеќе од два и пол месеца давање помош на Србија во борбата против коронавирусот, кинеските експерти вечерва ја напуштаат Србија.
Заменик-директорот на Одделот за заразни болести, Лин Бинланг, за РТС изјави дека најважно е да се разбере оти опасноста сè уште се заканува, дека епидемијата е сериозна и дека вирусот е тука.
„Бидејќи мерките беа олабавени, буквално сите се опуштија, па дури и тимовите за борба против вирусот. За контрола да вирусот, мора да се остане буден. Наш совет е дека таму каде што има зголемување на бројот на заразени, можеби ќе треба да се заострат мерките, да се вратат одредени мерки“, додаде Лин.
Заменик-директорот на Институтот за превенција и контрола на заразни болести, Пенг Зичан, истакна дека најстрогите мерки за превенција мора да се применат во затворени простории и во институции со чувствителна популација, каде што многу луѓе има на едно место.
„Студентските и старските домови, болниците, компаниите, сè мора да биде под контрола. Сè уште е особено важно вирусот да не се шири во вакви простории. Секој човек треба да се провери, дури и кога останува во затворен простор, ако нема растојание – маските исто така треба да бидат задолжителни“, заклучи тој.
Кинеските експерти пристигнаа на 21 март со првиот авион од Кина, кој ги донесе потребната опрема и заштитниот материјал за борбата против коронавирусот во Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Тешка сообраќајка во Грција: бебе меѓу загинатите
Тешка трагедија се случи во петокот попладне на автопатот Пиргос – Кипарисија, во близина на Месинија во Грција, кога четири лица, меѓу кои 12-месечно бебе и 13-годишно девојче, кои се наоѓале во два автомобили, загинаа во сообраќајма несреќа, пишува „Protothema“.
До несреќата дошло кога 39-годишниот камионџија, кој возел во правец на Кипарисија, од засега непозната причина изгубил контрола, излетал во спротивен правец и налетал на три возила, предизвикувајќи трагични последици.
Според написите, камионот всушност буквално ги стопил двете возила кои учествувале во несреќата. Противпожарната служба со 12 пожарникари ги извлекла настраданите.
Според информациите, во првиот патнички автомобил кој се судрил со камионот било семејство кое живее во странство и отпатувало за Нафплио за да се види со роднините и на одмор на Пелопонез. Во него се пронајдени мртви 38-годишен татко и 12-месечна ќерка, а повредени се 38-годишна мајка и нивниот шестгодишен син, кои се пренесени во болницата во Патра.
Од второто возило кое било заглавено под камионот извлечени се маж (50), девојка (13) и жена (60), кои се здобиле со тешки телесни повреди.
Повредени се и 25-годишен маж кој бил интубиран во Каламата, 39-годишен камионџија и 61-годишен маж, и двајцата се на лекување во болницата Кипарисија.
Затворен е магистралниот пат Пиргос – Кипарисија, а сообраќајот се пренасочува по заобиколен пат.
Регион
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во Бугарија, ќерка му е со 85 отсто изгореници
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи, Калин Стојанов.
Мажот (49), кој почина во експлозијата, добил тешки изгореници и синоќа бил хоспитализиран, а неговата 20-годишна ќерка, која исто така е во болница со 85 отсто изгореници, сѐ уште е во критична состојба, пренесува порталот „Новините“.
Стојанов рече дека во магацинот во кој се случила експлозијата може да има уште две лица, меѓу кои и 22-годишниот син на сопственикот на магацинот.
Регион
Дете починало 7 дена по операција на крајници во Хрватска
Седумгодишно дете почина вчера, една недела по операцијата на крајници, која беше извршена во Клиничката болница „Свети дух“ во Хрватска.
Седум дена по извршената операција на Клиниката за оториноларингологија и хирургија на глава и врат и шест дена по отпуштањето од болница, детето во раните утрински часови било донесено утрово без витални знаци.
Веста за смртта на детето во рок од 24 часа ја потврди директорот на болницата, д-р Игор Алфиревиќ.
„За жал, точна е информацијата дека во четвртокот, 25 јули 2024 година, по реанимација во Обединетата итна болница на Клиничката болница „Свети дух“ почина седумгодишно дете“, рече тој.
Во тек е истрага, а телото на детето е испратено на обдукција.