Контакт

Европа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Објавено пред

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за измами, соопшти Европскиот парламент. Ковеси го презема новото Европско обвинителство (EPPO) со мандат од седум години кога мнозинство од земјите членки на ЕУ ја поддржаа нејзината кандидатура.

Вкупно 22 членки на ЕУ се регистрирани во EPPO, телото што има надлежности да ги истражува сомнежите за измами, поврзани со буџетот на ЕУ. Обвинителството ќе биде сместено во Луксембург и ќе биде составено од група обвинители од сите држави членки, со исклучок на Обединетото Кралство, Шведска, Унгарија, Полска, Ирска и Данска.

Ковеси од 2013 до 2018 година беше шефица на романската Национална дирекција за борба со корупцијата, а во јавноста е позната по тоа што отвори истраги против 14 поранешни или актуелни романски министри, 43 пратеници и над 260 локални службеници.

Романската специјалната обвинителка Лаура Кодрута Ковеси беше разрешена кога романскиот претседател Клаус Јоханис го потпиша потпиша указот по одлуката на Уставниот суд и по барање на Владата. Министерот за правда, Тудорел Тоадер, од Социјалдемократската партија, иницира процедура за разрешување на Ковеси велејќи дека ги надминала нејзините овластувања и го оштетила имиџот на земјата во странство и дека истрагите ѝ биле политички мотивирани. Неговото барање собра илјадници демонстранти на улиците, кои го кренаа гласот против корупцијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Париз ја отвора терасата на Ајфеловата кула

Објавено пред

Од овој викенд посетителите на Ајфеловата кула повторно ќе може да уживаат во пијалак на летната тераса на ова париско обележје.

Кулата беше затворена кон средината на март поради епидемијата на коронавирусот, а беше повторно отворена за посетителите на 25 јуни, пренесува „Ројтерс“.

Терасата на Ајфеловата кула зафаќа површина од 57 метри и има бар, може да прими од 300 до 350 посетители, а секој четвротк и петок ќе биде организирана забава со диџеј.

Сите посетители мора да носат маски и да го почитуваат физичкото растојание.

Ајфеловата кула обично ја посетуваат приближно седум милиони луѓе годишно, од кои 75 % се странски туристи, но поради моментната состојба, се очекува годинава повеќето посетители да бидат од Франција.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Австрија 94 новозаразени

Објавено пред

Во последните 24 часа забележани се 94 новозаразени со коронавирус во Австрија.

Како речиси секој ден во последните десет дена, најголем број новозаболени се регистрирани во провинцијата Горна Австрија – 45, а потоа следува Виена со 34 нови случаи.

Во последните 24 часа, само во една од деветте покраини, Штаерска, немало новозаразени.

Според Министерството за здравство, во моментот има 1.100 активни пациенти во Австрија.

Бројот на хоспитализирани се зголеми за двајца, на 80, од ​​кои девет се на интензивна нега, што е три помалку од вчера.

Бројот на починати со денови е непроменет и изнесува 706.

Од почетокот на епидемијата на крајот на февруари 18.637 луѓе биле позитивни на врисусот, од кои 16.808 оздравеле.

Прикажи повеќе...

Европа

Германски виролог: Не само втор, туку ќе има и трет бран на вирусот

Објавено пред

Германскиот виролог Хендрик Штрек верува дека ќе има втор и трет бран на инфекција со Ковид-19 и дека општеството мора да научи да живее со коронавирусот.

Во ТВ-емисија Штрек рече дека не очекува оти бргу ќе се развие вакцина против вирусот.

Во блиска иднина тој не гледа напредок во развојот на вакцината и покрај фактот дека огромен број луѓе се вклучени во истражувања во целиот свет.

Штрек не е убеден во досегашните резултати во развојот на вакцина или лек.

Затоа, вели тој, општеството мора да живее со коронавирусот.

„Мораме да се помириме со тоа и да правиме најдобро што можеме. Тоа значи дека ќе имаме постојани осцилации, што е веќе случај. Секогаш мора да сметаме на појава на нови жаришта, како што беше случајот со Гитерсло, и да бидеме подготвени“, објасни еден од водечките виролози во Германија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет5 часа

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион7 часа

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија9 часа

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија10 часа

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија10 часа

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија11 час

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија11 час

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија12 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет13 часа

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ13 часа

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ13 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион14 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија15 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет16 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија17 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија17 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија17 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија1 ден

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија1 ден

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Досие