Регион
Лекарите во Хрватска предупредени – ќе останат без плата ако на одмор заболеле од Ковид-19

По враќањето од одмор, лекарите во Хрватска добија разни анкети и предупредување од болничката управа дека нема да добијат плата доколку се потврди дека се позитивни на Ковид-19, а се заразиле по своја вина додека биле на одмор.
Хрватското здружение на болничките лекари (ХУБОЛ) силно го осуди обидот за дискриминација и евентуално незаконско потстапување кон медицинскиот персонал, јави агенцијата „Хина“.
Здружението на лекарите смета дека со тоа се дискриминираат здравствените работници во однос на другото население затоа што се планира само тие да бидат казнети.
Тие изјавуваат дека иако министерот за здравство, Вили Берош, негира дека платите на лекарите ќе бидат скратени, тој сепак ги дели на три категории: заразени на работа, надвор од работа и болни.
ХУБОЛ посочува дека категоризирањето на начинот на инфекција на лекарите со Ковид-19 и класифицирањето и казнувањето само една група граѓани врз основа на начинот на кој тие се разболеле е јасно дискриминаторско и противуставно, а во исто време и професионално неосновано.
Во изјавата ХУБОЛ потсетува дека, според хрватскиот закон, неисплатата на плата, доколку работата се изврши во согласност со договорот за вработување, е кривично дело и дека хрватските лекари, ако им се повредени правата, ќе бидат принудени да одат на суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.