Регион
Над 900 илјади лица се вакцинирале против коронавирусот во Србија

Според последните податоци на српската влада, 905.340 лица се вакцинирани против коронавирусот во Србија. Според бројот на вакцинирани на милион жители, Србија е втора во Европа по Велика Британија.
Во светот Србија е на седмото место по бројот на вакцинирани на милион жители по Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, САД и Бахреин. Србија е убедливо прва во регионот според вакцинациите на милион жители, потоа следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Албанија.
Според вкупниот број вакцинирани, Србија е втора во регионот по Романија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Србија расте бројот на новозаразени од коронавирус, 16 починати

Во последните 24 часа во Србија на коронавирус биле тестирани 16.743 лица, од кои позитивни биле 4.157, а починале 16 лица.
Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 168 пациенти се приклучени на апарати за дишење.
Од овој викенд во сила се нови мерки – угостителските објекти и трговските центри се отворени само до 14 часот, а храната и услужните активности може да бидат отворени до 20 часот.
Регион
Во Црна Гора уапсена 60-годишна жена која возела под дејство на дрога

Црногорската полиција денеска соопшти дека во Беране била приведена 60-годишна жена со иницијали Б. К. од Гусиње, која управувала возило под дејство на дрога.
„Заедно со барањето за поведување прекршочна постапка, Б. К. беше донесена до надлежниот прекршочен суд, каде што ѝ беше изречена глоба од 480 евра, забрана за управување моторно возило во траење од четири месеци и три казнени поени“, соопшти полициската управа.
Полицијата во Беране запрела и 24-годишен возач, кој возел со 153 километри на час, во место каде што максимално дозволената брзина била 70 километри.
Тој бил казнет со глоба од 300 евра, соопшти полицијата.
Регион
Бугарија ги олеснува мерките и покрај порастот на новозаразени

Рестораните се повторно отворени во Бугарија по заклучувањето што траеше повеќе од три месеци, а мерките против коронавирусот се олеснуваат и покрај влошената епидемиолошка состојба.
Рестораните може да бидат отворени од 6 до 23 часот, но тие може да користат само половина од капацитетот, а на маса не може да седат повеќе од шест лица.
Келнерите и другиот персонал мора да носат маски.
Бугарската агенција наведува дека централната пешачка улица во Софија, Витоша, во понеделникот била преплавена со луѓе, а рестораните биле полни со гости.
На социјалните мрежи е објавена снимка од трубачки оркестар, со кој се слави повторното отворање.
Според наредбата на Министерството за здравство, ублажувањето на мерките се однесува и на учениците со попреченост, кои може да се вратат на настава во живо. Дозволени се и туристички патувања во земјата.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер