Топ
Ограбиле фирма во Долно Српци, полицијата ги фати и ги уапси сосе украденото на патот Битола-Прилеп
Битолската полиција вчера уапси двајца крадци на регионалниот пат Битола-Прилеп. Се сомничат дека дената украле повеќе предмети од фирма во селото Долно Српци, а полицијата ги уапси вечерта.
„Вчера во 20.10 часот на регионалниот пат Битола – Прилеп, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Р.(31) од Прилеп, со привремен престој во с.Ивањевци, општина Могила и Д.А.(37) од Штип, со привремен престој во с.Ивањевци. Тие се сомничат дека во текот на денот од објект на правно лице во с.Долно Српци, општина Могила, одзеле повеќе предмети. При преглед на патничко возило ’опел’ со прилепски регистарски ознаки, во кое биле затекнати, биле пронајдени одземените предмети“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, против прилепчанецот и штипјанецот ќе биде поднесена пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

