Регион
Почина српскиот патријарх Иринеј

Почина патријархот на Српската православна црква, Иринеј. Според српските медиуми, здравствената состојба на патријархот му се влошила вчера. Тој беше тестиран позитивен на коронавирус на 4 ноември, а веќе следниот ден беше хоспитализиран.
Патријархот вчера беше во исклучително тешка состојба и беше поврзан со уредите за одржување на работата на виталните органи. Српската православна црква во четвртокот на својата веб-страница објави дека состојбата на патријархот на Српската православна црква е влошена и дека покрај другите, за неговото здравје се грижат и руски лекари.
Досега имаше неколку информации во врска со здравствената состојба на патријархот, една од нив беше дека неговата состојба е влошена, а потоа беше објавена информација дека неговата состојба се стабилизирала. Сепак, ситуацијата се променила, паднало нивото на кислородот во крвта на патријархот по што неговата состојба се влошила.
Српскиот патријарх имаше 90 години.
Иринеј заврши во болница четири дена по предводењето на погребот на црногорскиот митрополит Амфилохие (83) во Црна Гора. Амфилохие почина на 30 октомври како последица на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.