Свет
Сè повеќе млади луѓе умираат од Ковид-19, кои се причините за тоа?
Високиот крвен притисок, дијабетес, дебелина и возраст се покажаа како најчести причини зошто некои пациенти не го преживуваат Ковид-19. Станува збор за ризици коишто можат да предизвикаат компликации кај пациенти со коронавирус, за кои често нема лек. Сепак, останува нејасно зошто сè повеќе млади луѓе се на респиратор, дури и умираат од корона, иако немале претходни здравствени проблеми.
Во последно време сè повеќе се зборува за можна „генетска позадина“, т.е. фактот дека нашата генетска ранливост може да има влијание врз тоа како некој се справува со вирусот.
Како пример за улогата на генетиката, холандскиот генетичар Александар Хојшен од Медицинскиот центар на Универзитетот „Радбоунд“ (РУМЦ) во Нијмеген наведува двајца браќа на 35-годишна возраст, кои немале други здравствени проблеми, се заразиле со коронавирусот и двајцата завршиле на респиратор.
Ранливост
„Во тој случај, веднаш се прашувате дали генетските фактори можат да играат улога“, вели Хојзен.
Тој додава дека би можело да биде случајно што и двајцата биле толку сериозно болни, но и дека може да станува збор за грешка во имунолошкиот систем.
За време на проучувањето на тие два случаи, научниците добиле извештај за уште две помлади лица од другата страна на Холандија, кои исто така завршиле на респиратор и започнале со истражување бидејќи немале семејна врска. Додека траело истражувањето, еден од нив ја загубил битката со вирусот.
За да се идентификува генетската ранливост од инфекцијата, истражувачите ги секвенцирале нивните егзоми, кои содржат делови коишто кодираат протеини во сите гени. Особено внимание тие посветиле на гените за кои се знае дека се вклучени во вродениот имунолошки одговор.
Се покажало дека четирворицата мажи имаат мутација на ген којшто во некои имунолошки клетки произведува TLR7 рецептор. Имено, TLR7 го предупредува имунолошкиот систем на инфекција, односно откривање на синџирот на РНК што ги носат некои вируси, како што е случајот со САРС-КоВ-2. Научниците исто така сметаат дека овој рецептор ги препознава и тесно поврзаните вируси на корона, како што се МЕРС или САРС. Кога се активира вирусот, рецепторот го „буди“ ослободувањето на интерферон, т.е. молекулите на имунолошка сигнализација кои учествуваат во одбраната на телото од вирусни инфекции.
Промени на ДНК
Покрај генетските тестови, истражувачите тестирале и имунолошки клетки од крвта на пациентите и нивните семејства. Се покажало дека сите имаат многу помалку интерферон како одговор на инфекцијата отколку што се очекувало. Во лабораторијата, тие користеле молекула наречена имиквимод (модификатор на имунолошкиот одговор) за да ги активираат TLR7 рецепторите со симулирање на инфекција.
Откриле дека мутацијата во TLR7 ја оневозможува нивната заштита од коронавирусот. Нагласено е дека ваквото истражување е од големо значење за можните лекови кои би им помогнале на таквите пациенти да го „подобрат“ имунитетот или да одговорат подобро.
Генетското истражување најчесто е поврзано со сериозните заболувања кај младите луѓе со Ковид-19, односно оние кај кои немало здравствен ризик што би било причина за да се појават компликации.
Во студијата објавена пред околу еден месец, во која се испитува геномот на 1.610 пациенти хоспитализирани за време на епидемијата во Шпанија и Италија, се откриени промени во ДНК кои исто така можат да влијаат на текот на болеста, иако тие се многу мали, пренесува „Јутарњи лист“.
Откриено е дека кај некои пациенти имало генетски промени што доведуваат до нарушувања на протеините хемокин коишто комуницираат со молекулите на имунолошкиот одговор. Тие обично служат за привлекување на имуните клетки во нападеното ткиво со цел да се уништи вирусот.
Научниците докажаа дека овие промени биле 1,5 пати почесто присутни кај оние пациенти на кои им бил потребен респиратор или некоја друга поддршка за дишење. Имено, мала промена во ДНК е поврзана со намалена активност на ген што помага во регулирање на хемокините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Свет
ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.
Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.
Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.
Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.
Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.