Свет
„Тајм“ ги просласи Џо Бајден и Камала Харис за личности на годината

Магазинот „Тајм“ традиционално ги избра личностите на годината што заминува. Овој пат тоа се Џозеф Бајден и Камала Харис. Според Си-ен-ен, двајцата влегле во историјата кога го победиле Доналд Трамп и неговиот тим на претседателските избори во ноември, што го испрати Трамп на списокот со малобројни претседатели што не го остварија вториот последователен мандат.
На тој ден Камала Харис стана првата жена потпретседател на САД, како и прва личност со афроамериканско и јужноазиско потекло на таа позиција.
„Бидејќи тие ја менуваат американската приказна затоа што покажаа дека моќта на емпатијата е посилна од гневот и поделбата поради ширењето на визијата за заздравување во еден тажен свет, Џо Бајден и Камала Харис се избор на ‘Тајм’ на личности на годината“, напиша уредникот Едвард Фелсентал.
Според изборот на читателите објавен пред четири дена, личност на годината се лекари што се борат во првите редови против пандемијата на коронавирусот. Наградата „Личност на годината“ се доделува од 1927 година, а минатата година личност на годината беше шведската активистка за животна средина Грета Тунберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија го напушта Договорот за отворено небо

Русија ја започнува постапката за повлекување од Договорот за отворено небо поради недостаток на напредок во врска со отстранувањето на пречките што се создадени досега и кои ја попречуваат неговата функционалност, објави руското Министерство за надворешни работи.
Како што е наведено, веднаш штом ќе завршат сите внатрешни процедури, известувањето ќе биде испратено до сите други учесници во Договорот.
САД официјално се повлекоа од Договорот за отворено небо на 22 ноември. Во таа насока, Министерството за надворешни работи на Русија објави дека Москва ќе побара цврсти гаранции од земјите кои остануваат во Договорот за отворено небо дека ќе ги исполнуваат своите обврски.
Вашингтон ги посочи „повеќекратните прекршувања од страна на Русија“ како причина за повлекување од Договорот.
Договорот за отворено небо беше потпишан во 1992 година и стана една од мерките за градење доверба во Европа по Студената војна.Тој е на сила од 2002 година и им овозможува на земјите членки отворено да собираат информации за воените сили и активности. Потписнички на договорот се 34 земји.
Европа
Орбан: Грчкaта комесарка не треба да ми кажува што да правам

Капацитетот на Унгарија за вакцинација значително ги надминува залихите со вакцини, изјави премиерот Виктор Орбан.
Тој додаде дека процесот може да се забрза доколку унгарските власти ја одобрат кинеската вакцина. Според МТИ, таа одлука може да биде донесена во рок од неколку дена.
Во интервју за унгарско радио, Орбан зборуваше и за барањето на европската комесарка за здравство и безбедност на храна, Стела Киријакидес, земјите членки да не преговараат одделно со производителите на вакцини, нагласувајќи дека повеќе од 100 Унгарци умираат секој ден.
„Грчката комесарка не треба да ми кажува што да правам“, рече Орбан.
Тој посочи дека Унгарија има можност да ја добие кинеската вакцина во големи количини, но дека таа прво мора да биде одобрена од здравствените власти во земјата.
Орбан рече дека се надева дека властите ќе дадат јасен одговор во следните неколку дена. Тој исто така подвлече дека е невозможно побрзо да се вакцинираат луѓето, не затоа што унгарскиот здравствен систем не е способен за брзи масовни вакцинации, туку поради недостиг на залихи на вакцини.
Регион
Во Хрватска 715 нови случаи на коронавирус, 33 лица починаа

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 715 нови случаи на коронавирус, а 33 лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Бројот на активни случаи во Хрватска е 4.653. Меѓу нив, 1.855 пациенти се во болница, од кои 160 се на апарати за дишење.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 223.812 лица заразени со коронавирус, од кои 4.550 починале.
Вкупно оздравеле 214.609 луѓе, од кои 1.239 во последните 24 часа.
До денес, тестирани се вкупно 1.107.887 лица, од кои 5.335 во последните 24 часа, според Националниот штаб за цивилна заштита.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира