Македонија
Телото на Беличанец предадено на обдукција
Телото на починатата актерка Билјана Беличанец (45) е предадено на обдукција, потврдија од Скопското јавно обвинителство за „Макфакс“. Oд таму велат дека синоќа бил извршен увид oд дежурен јавен обвинител, увидни екипи на МВР и двајца обдуценти.
Донесена е наредба за истрага и телото е предадено на обдукција. Неофицијално, безживотното тело на актерката е пронајдено во стан поточно во бањата.
Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје. Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода до 2017 годинa.
Последни претстави ѝ се „Генетика на кучињата“ и „Последните Македонци“ во Драмскиот театар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Го однел дома да разговараат, па му пукал со пиштол пред сопругата и двата сина
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство според член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Како што соопшти ОЈО, на 14 ноември, околу полноќ, осомничениот во алкохолизирана состојба, го зел со автомобил оштетениот под изговор дека ќе разговараат и го однел во сопствениот дом. Пред сопругата и двата сина извадил пиштол и започнал да пука кон него. Му нанел повеќе повреди, по што сведоци го пренеле оштетениот во болница.
Бидејќи постојат законски основи – опасност од бегство, можност дека ќе влијае врз сведоците или ќе го доврши обиденото дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, стои во соопштението на ОЈО.
Македонија
Тошковски: „Безбеден град“ ќе ги намали жртвите во сообраќајот
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржал работен состанок со меѓуресорската работна група, составена од членови на МВР и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје, која работеше на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците.
„Овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град“. Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност“, потенцирал Тошковски.
Како што соопшти МВР, министерот истакнал дека ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.