Контакт

Регион

Црна Гора повторно прогласи епидемија на целата територија

Објавено пред

Црногорскиот кризен центар за инфективни болести донесе одлука повторно да прогласи епидемија на новиот коронавирус во целата земја и да воведе задолжително носење маски на отворено и во затворено, освен на плажите и во националните паркови.

До синоќа епидемијата во Црна Гора беше прогласена во пет општини на северот на земјата. Во вториот бран на епидемијата на коронавирусот во Црна Гора вкупно 2.045 луѓе се разболеле, а 26 починале. Статистички гледано, бројот на заболени во Црна Гора на 100.000 жители е 305, а според тој параметар, таа земја е на врвот на листата на земји во регионот.

Поради ваквата епидемиолошка состојба, црногорскиот Институт за јавно здравје ѝ предложи на црногорската влада да прогласи состојба на епидемија на заразна болест во целата земја и заштитна мерка за задолжително носење заштитни маски.

„Носењето заштитни маски од полноќ е задолжително во цела Црна Гора, вклучително и за деца на возраст над седум години, освен на плажите и во националните паркови, држење физичко растојание и претходно пропишани мерки. Собирањето е исто така ограничено на максимум 40 лица на отворени јавни места, а на 20 лица во затворено“, соопшти црногорската влада.

Мерките за забрана за работа на ноќни и диско-клубови и организирање свадби, дипломски, роденден и други приватни прослави се продолжени до 6 август. Претходно, работата на угостителските објекти во централниот, најнаселен дел од земјата, беше ограничена до 22 часот, а на приморјето работното време на кафулињата и рестораните е до полноќ.

Во пет општини на северот, каде што претходно беше прогласена епидемија на коронавирусот, продолжена е мерката за целосна забрана за работа на угостителските активности.

Вториот бран на инфекција во Црна Гора почна на 14 јуни, а оттогаш бројот на заразени трипати се зголеми во однос на првиот бран кога 324 лица се заразиле со коронавирус во Црна Гора за два и пол месеца.

Регион

Словенија побара помош од ЕУ за заштита на работните места

Објавено пред

Словенечката влада аплицираше за финансиска поддршка преку инструментот SURE за програми за заштита на работните места вредни вкупно 1,1 милијарда евра.

Инструментот SURE е една од трите безбедносни мрежи во вредност од вкупно 540 милијарди евра и е наменет за зачувување работни места во компаниите и земјите членки на ЕУ преку поволни заеми, пишуваат словенечките медиуми, пренесува агенцијата Хина.

Во барањето за финансирање од тој извор, Словенија изјави дека добиените средства ќе ги искористи за мерки за субвенционирање на чекање за работа и работа со скратено работно време, за финансирање на основните приходи и за ослободување од плаќање придонеси на самовработени во микро претпријатија и за слични случаи.

Инструментот SURE треба да започне да функционира откако сите членки на ЕУ ќе обезбедат гаранција за заеднички заем, а истиот треба да биде достапен до крајот на 2022 година, а во случај кризната состојба да продолжи или да се повтори уште подолго.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Унгарија нормален почеток на учебната година: „Не може училниците да останат празни“

Објавено пред

Новата учебна година во Унгарија ќе започне на вообичаен начин, а училиштата ќе се отворат на 1 септември, соопшти денеска унгарското Министерство за човечки ресурси.

Според унгарските власти, епидемијата на коронавирус не е оправдување за дигиталното образование да ги замени училниците.

Во соопштението од ресорното министерство се наведува дека ќе бидат воведени нови мерки доколку владата и релевантните органи сметаат дека е потребно.

До училиштата ќе биде испратен протокол за превенција од коронавирус, а родителите не треба да испраќаат на училиште деца со симптоми на Ковид-19.

Според уредбата на владата што ќе биде објавена наскоро, новата учебна година во Унгарија започнува на 1 септември и завршува на 15 јуни 2021 година.

Прикажи повеќе...

Регион

Силно невреме зафати делови од Хрватска

Објавено пред

Најавената промена на времето, што треба да ја зафати скоро цела Хрватска вечерва и утре, веќе пристигна во Далматинска Загора.

Како што јавуваат тамошните медиуми, во раните попладневни часови имало силен развој на облачност во голем дел од Загора, проследен со грмотевици и врнежи во некои делови.

Во областите погодени од дождот, температурата на воздухот за кратко време паднала за повеќе од 5 Целзиусови степени.

Поради опасност од грмежи, прогласен е жолт метеоролошки аларм за централна и источна Хрватска, додека во Далмација е на сила жолт метеоролошки аларм, поради високите температури кои произлегуваат од топлотниот бран што се очекува да се задржи над Хрватска уште денеска.

Од истата причина, прогласен е портокалов аларм во Истра, Кварнер и подвелебитската област, со нагласување дека таму е на сила и жолт аларм заради опасност од невреме, а на крајниот југ на брегот важи портокаловиот аларм поради високите температури.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Предесет комапании заинтересирани за изградба на скопската пречистелна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија17 минути

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет1 час

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти за првпат прогласија општ карантин, откако еден граѓанин кој е позитивен на коронавирус бил во близок контакт со...

Свет1 час

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека рече дека има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирус во Русија...

Свет2 часа

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија2 часа

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирус. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија17 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија17 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа17 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија17 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија18 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија20 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија20 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија20 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија22 часа

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет23 часа

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија23 часа

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ23 часа

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет1 ден

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Свет1 ден

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Досие