Контакт

Европа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Објавено пред

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително да ја ограничи работата на продавниците за малопродажба.

„Полицискиот час ќе биде во сила од 28 октомври до 3 ноември, од 21 до 5 часот наутро“, рече министерот за здравство Роман Примула по состанокот на владата наведувајќи дека во исклучоците спаѓаат службени патувања и неопходни семејни посети.

Малопродавниците, кои продолжуваат да работат според сегашните ограничувања, мора да бидат затворени до 20 часот и во недела, со исклучок на бензинските пумпи и аптеките, пренесува „Ројтерс“.

Воведени се построги мерки поради сериозно влошување на епидемиолошката состојба. Чешката Република викендот објави дека има 12.472 нови случаи на коронавирус, а 106 лица починаа како резултат на инфекција со Ковид-19.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирус на почетокот на 2021 година

Објавено пред

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирус на почетокот на 2021 година поради нецелосниот одговор на пандемијата.

Дејвид Набаро, специјален претставник на СЗО, за швајцарски весник изјави дека владите во Европа ја пропуштиле шансата да ја изградат потребната инфраструктура во текот на летните месеци, откако го ставија првиот бран под контрола.

„Сега имаме уште еден бран. Доколку не ја изградат потребната инфраструктура, третиот бран ќе го имаме на почетокот на следната година“, предупреди Набаро.

Иако веста за успехот на вакцините за коронавируси е охрабрувачка, Европа сè уште се бори со друг бран што предизвика огромен број на инфекции и повторно доведе до стотици смртни случаи дневно во најголемите економии на Западна Европа.

Набаро изрази загриженост за потегот на Швајцарија да дозволи скијање – со задолжителни маски во жичниците – додека другите алпски земји како Австрија ги затворија одморалиштата, пренесува „Дејли мејл“.

Тој предупреди дека Швајцарија може да достигне „многу високо ниво на болест и смрт“.

„Треба да почекате додека не паднат бројките и да останат ниски. Реакцијата на Европа беше нецелосна“, заклучи тој.

Тој го пофали одговорот на азиските земји, како што е Јужна Кореја, каде стапките на инфекции се релативно ниски.

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Австриски министер: Следните две недели oд клучно значење

Објавено пред

Министерот за здравство на Австрија, Рудолф Ансшобер, изјави дека мерките почнуваат да стапуваат на сила, но дека следните две недели се одлучувачки во борбата против ширењето на коронавирусот.

„Вториот бран е силен и ја погоди цела Европа. Тешко е да се дејствува против него. Но, пандемијата не е природна катастрофа. Во борбата против пандемијата сè е во наши раце и ние како општество мора да направиме нешто против тоа”, рече Ансшобер на прес-конференција.

Тој потсети дека денес е 21 ден на делумно затворање на земјата и скоро една недела на целосно затворање. Според него, бројот на новоинфицирани сè уште е исклучително голем, драматично голем, но може да се види дека мерките полека почнуваат да влијаат.

„Сега сè зависи од следните две недели“, рече Ансшобер и апелираше до граѓаните да ги намалат сите контакти што не се потребни.

Прикажи повеќе...

Европа

Саркози на суд поради корупција

Објавено пред

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание.

Ова е прв случај од неколкуте истраги што се водат против десничарскиот политичар што ја водеше Франција во периодот од 2007 до 2012 година, па тој ќе се појави пред судија по неколкугодишни обиди да ги отфрли или поништи обвиненијата.

Во случајот познат како афера со прислушувањето Обвинителството тврди дека Саркози и неговиот адвокат Тиери Херцог се обиделе да го подмитат судијата Гилберт Азибер за да им предаде тајни информации од посебната истрага против поранешниот француски лидер.

За возврат, Саркози е обвинет дека му понудил на Азибер да му обезбеди пријатно работно место на Азурниот Брег.

Саркози е цел на низа правни истраги – од обвинувањата дека починатиот либиски лидер Моамер ал-Гадафи нелегално ја финансирал неговата кампања до примање наводно мито од продажба на оружје во Пакистан.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Македонија1 час

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа2 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион3 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа3 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија3 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет4 часа

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет4 часа

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет5 часа

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет16 часа

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија16 часа

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Македонија16 часа

Старата „Систина“ ќе биде ковид-центар, лекувањето на трошок на државата

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва по состанокот со сопствениците на приватните болници на „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, истакна...

Свет17 часа

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември, изјави шефот на американската програма за вакцина против коронавирус,...

Свет18 часа

Протести во Германија против ограничувањата поради коронавирусот

Во Германија денеска се одржа протест против ограничувањата поради коронавирусот. Протестот, на кој имаше нереди, беше прикажуван во живо на...

Регион20 часа

За 24 часа во Србија починале 31 човек, рекорден број пациенти на респиратор

Во последните 24 часа во Србија починале 31 човек, а регистрирани се нови 4.995 случаи на коронавирус. Од последниот пресек...

Македонија20 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 824 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни...

Македонија23 часа

Полицијата упадна на семејна веселба со 70 гости во Гостивар

Седумдесет гости се собрале синоќа во угостителски објект на семејна веселба во селото Здуње, Гостиварско и покрај забраните за групирање...

Македонија23 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на Филипче и лампиони на Шилегов

ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на министерот за здравство, Венко Филипче, и лампиони за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов,...

Македонија24 часа

Пендаровски: Негацијата на јазикот и културата е ништење на националната припадност

Јазикот и културата се фундаменти на секој народ и нивната негација значи обид за ништење на националната припадност, вели претседателот...

Македонија1 ден

Каракачанов: Скопје сака да ги поддржиме, а потоа да ни забодат нож во грб

Европската Унија има јасно правило што се однесува на сите, а тоа е дека нема влез во Унијата без решавање...

Досие