Свет
Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозинството граѓани се вакцинираат
Австралија можно е да не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано против Ковид-19, изјави австралиски здравствен службеник во понеделникот, иако земјата во моментот нема ниту еден локален случај на коронавирус.
Австралиските власти ги разгледуваат и потенцијалните негативни ефекти од вакцината на „Фајзер“ откога Норвешка пријави неколку смртни случаи на постари лица по примањето на вакцината.
„Дури и ако имаме голем дел од популацијата што е вакцинирана, не не знаеме дали тоа ќе спречи пренесување на вирусот“, рече официјалното лице.
Австралија, која успеа да се справува со корона-кризата подобро од многу други држави преку насочени затворања, голема стапка на тестирање и барања на контактите, денеска објави нула локални случаи на коронавирус. Државата Викторија, која е домаќин на Австралија опен, информира за четири позитивни случаи кај странски патници, сите поврзани со тенис, од вкупно девет. Случаите ги поттикнаа властите да испратат три чартер-лета на Австралија опен во карантин принудувајќи повеќе од 70 играчи во 14-дневна изолација во хотелските соби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.