Македонија
(Видео) Ако дозволат временските услови, папата ќе го користи папамобилот
Папата Франциско ќе се вози со папамобилот во зависност од временските услови, а неговата посета во Скопје ќе ја следат повеќе од 400 новинари, од кои 200 странски и 200 домашни, информираа денеска од Министерството за надворешни работи, од каде на заедничка прес-конференција со премиерот Заев и бискупот Киро Стојановски порачаа дека има огромен интерес за посетата. Очекувањата се дека на плоштадот ќе присусутвуваат повеќе од 15 илјади граѓани, а ќе бидат обезбедени околу две илјади места за седење, како и пунктови за вода. Мисата ќе се одржува на италијански јазик, а ќе има и дел на хрватски, како и на македонски јазик. Венриците кои ќе сакаат да присусутвуваат на плоштадот ќе треба да пристигнат најдоцна до 9 часот поради безбедносни причини, а мисата ќе почне во 11:30 минути.
Папата со специјален лет пристигнува на скопскиот аеродром во 8 часот и 15 минути каде што ќе биде пречекан со највисоки државни почести од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев.
„Можам да потврдам дека доколку временските услови дозволат, предвидено е користење на специјалното голф-возило или популарно наречено папамобил“, изјави државниот секретар во МНР, Виктор Димовски.
Според агендата, папата во 9 часот ќе биде пречекан во Вила Водно каде што ќе има обраќање и одвоени средби со Заев и Иванов и нивните семејства.
„Доаѓа во важен момент за нашата земја, кога демонстриравме подавање рака, пријателство, вредности кои допираат до вредностите на светите пораки. Оваа благопријатна посета е чест и од мене е сфатена како охрабрување да бидеме подобри луѓе, да нè охрабри дека доаѓаат подобри времиња…“ порача Заев за посетата на папата.
Попладне во католичката црква „Пресвето срце Исусово“ папата ќе се сретне со свештениците, како и со граѓани од ранливите категории, а предвидена е и средба со претставниците на верските заедници.
Папата Франциско доаѓа во време кога се одбележуваат 25 години дипломатски односи со Ватикан. Ова, според бискупот Киро Стојановски, е првата причина за посетата, додека втората причина е тоа што овде има мала, но сепак жива заедница на католички верници, па, како што нагласи бискупот, пастирот доаѓа да го посети своето стадо. Третата причина за посетата е Скопје, родниот град на Мајка Тереза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

