Скопје
Арсовска до Мицкоски: Премиерот да ги одреди датумот и местото, раководството на Град Скопје е подготвено уште утре да седне на маса
„Раководството на Град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со претседателот на Владата на Република Македонија“, напиша на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Таа го повика премиерот Мицкоски да ги одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот.
„Теми што Град Скопје ќе ги предложи, а за кои сметаме дека треба да се изнајде решение, се надминување на активната блокада во Советот од страна на советниците од владејачкото мнозинство, блокадата на претпријатијата од страна на управните одбори и изгласувањето на програмите за работа на јавните претпријатија.
Воедно, очекуваме и потврда за предлогот за формирање заедничко работно тело помеѓу Владата и Град Скопје. Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата во корист на граѓаните на градот Скопје“, напиша Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Санкционирани 𝟣𝟥𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 17.11. до 23.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 134 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известува ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштува ПОЦ.

