Македонија
Ахмети: До петок ќе се знае кој ќе биде заедничкиот кандидат за претседател
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на која беше договорено двете партии да настапат со заеднички кандидат на претседателките избори, изјави дека името на заедничкиот кандидат ќе биде познато до петок.
„Разговараме за имињата и во наредните денови ќе се одлучиме за еден од нив. Ќе има состаноци и со другите политички партии со цел и тие да се приклучат кон иницијативата. Одлуките ќе се донесат до петок“, рече Ахмети по средбата со премиерот.
На новинарско прашање дали за нив се прифатливи како предлози Оливер Спасовски и Никола Димитров, Ахмети не одговори конкретно, повторувајќи го ставот дека конечната одлука ќе се знае до крајот на неделата.
Ахмети додаде дека на состанокот со Заев не станало збор за несогласувањата во коалицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Аеродром, Чучер Сандево и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. 27 во село Белимбегово, општина Илинден;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите, општина Карпош.
Македонија
Магла во утринските часови, сончево со умерена облачност преку ден
Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува периодот стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла
Македонија
Магла во околината на Демир Капија, умерен интензитет на сообраќај на патните правци
Појава на магла и намалена видливост до 60 метри во околината на Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

