Топ
Битолчанец во притвор за кражба на 450 денари

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за разбојништво од член 247 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 17 мај, ја пресретнал оштетената на улица и силно ја турнал со рацете. Кога таа паднала, удирајќи директно со главата на земјата, разбојникот ѝ го одзел паричникот, во кој имало 450 денари и лични документи, со намера противправно да го присвои и избегал од местото.
Со оглед на тоа што постои опасност осомниченото лице да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави и предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, соопшти Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Два активни пожари во Гази Баба и Гевгелија, под контрола пожарот во „Дрисла“

Во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Според податоците на Центарот за управување со кризи, до утрово во 07:00 часот, два од нив сè уште се активни, два се ставени под контрола, а останатите 27 се изгаснати.
Активни пожари и натаму има во атарот на селото Виниче, во општина Гази Баба, каде е зафатена нискостеблеста шума, како и на Кожуф планина кај селото Петрово во општина Гевгелија, каде што гори букова шума.
Под контрола се пожарот на депонијата „Дрисла“ во општина Студеничани и пожарот на депонијата „Острец“ во Делчево, каде што горел отпад.
Останатите пожари, кои беа зафатиле различни типови нискостеблеста вегетација, грмушки, трски, стрништа и депонии во повеќе региони од државата – меѓу кои Скопје, Битола, Крушево, Струмица, Струга, Дебар, Кичево, Куманово и други општини – биле изгаснати.
Македонија
Стразбур ќе одлучува за струшката депонија: пример за домашните судови во борбата против загадувањето

Судот во Стразбур во наредниот период треба да расправа за депонијата во Струга, која го „труе“ градот. Неговата одлука ќе биде пример за домашните судови како да постапуваат во однос на загадувањето, пишува „Дојче Веле“.
„Секоја вечер Струга мириса на запалена депонија! Дишеме отрови, а институциите молчат“, вели струшкиот адвокат и граѓански активист, Глигорие Ќатоски, којшто изминатиот период тропнал на повеќе врати со барање одговор, но и конкретни мерки од институциите во Македонија против загадувањето во градот во којшто живее и работи.
„Поднесовме и писмена пријава во Општина Струга, МВР и Државниот инспекторат за животна средина, со која баравме да се утврди кој е точно изворот на загадувањето – дали е предизвикано од човечки фактор или атмосферски влијанија и кои конкретни мерки се планира да бидат преземени од страна на надлежните“, вели тој за ДВ, потенцирајќи дека жителите во градот на Дрим заслужуваат да дишат чист воздух.
Ова не е прв аларм за загадувањето во градот, каде изминатиот период се бараше чаре или од чадот на дивата депонија, или од палењето на трските, или пак од пожари во планинските места. Граѓаните постојано алармираат, но велат дека наидуваат на ѕид на игнорирање, не само од општината, туку и од надлежните органи, како Министерството за животна средина.
Целиот текст на линкот.
Прочитај и: Кривични за стружаните кои запалија душеци на депонија за да ги извадат федерите и да ги продадат
Европа
Путин го разреши заменик-шефот на неговата администрација

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј Козак од функцијата заменик-шеф на руската претседателска администрација со декрет. Декретот од една реченица не наведува причина за потегот или што Козак имал намера да направи.
Во претходното соопштение на Кремљ се вели дека Козак, долгогодишен функционер во администрацијата на Путин, поднел оставка. РБЦ објави дека Козак поднел оставка и разгледува различни опции за влез во деловниот свет.
Запрашан за оставката, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече: „Можам да потврдам дека Дмитриј Николаевич Козак поднел оставка. На негово барање.“
Козак работи заедно со Путин од 1990-тите, кога беа заедно во администрацијата на Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија. Тој одигра клучна улога во надгледувањето на организацијата на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.
фото: принтскрин