Свет
(Видео) Балерини го играа „Лебедово езеро“ пред Операта во Париз во знак на протест
Балерини го играа „Лебедово езеро“ пред Операта во Париз во знак на протест. Ваквиот потег е во знак на протест поради плановите на владата на францускиот претседател, Емануел Макрон, да ја помести пензиската граница.
Le ballet et l’orchestre de l’@operadeparis interprètent un extrait du « Lac des cygnes » sur le parvis de l’opéra Garnier #greve #reformedesretraites #greve24decembre @France3Paris @lacgtcommunique @UnionSolidaires pic.twitter.com/0vaF8QGtBM
— ???????? ?????? (@emmtix_) December 24, 2019
Балерините во придружба на симфониски оркестар настапија пред стотици гледачи. Зад нив беа транспаренти со натпис „Културата во опасност“.
Тие имаат дефиниран план за пензионирање, кој датира од 17 век и го вклучуваат нивното право на целосна пензија на 42 години. Доколку помине реформата на пензискиот систем во Франција, тие може да ги загубат бенефициите што ги имаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

