Свет
(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии што разнесоа магацин и многубројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги извлекуваат телата на починатите и на повредените под урнатините, а според тамошните медиуми, во болниците нема веќе место за згрижување на повредените.
Според министерот за здравство, Хасан Хамид, болниците се полни со повредени лица, така што во хотелите во центарот на Бејрут ќе бидат сместени пациенти на кои не им е потребна операција.
Делот од градот каде што се случи експлозијата е уништен, а голем број згради сериозно се оштетени. Експлозијата била еднаква на земјотрес со јачина од 3,5 степени, според германскиот геонаучен центар ГФЗ, а се слушнала и се чувствувала до Кипар, на повеќе од 200 километри преку Медитеранот, пренесува АП.
Силни сигнали од експлозијата во Бејрут беа откриени и од станиците на Меѓународниот систем за следење на спроведувањето на Договорот за забрана на нуклеарни тестови во Тунис и Германија.
Во експлозијата во магацин за пиротехника загинаа над 100 лица, а повеќе од 4.000 се повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан: ЕУ се распаѓа

Унгарија не треба да го усвои еврото затоа што Европската унија се распаѓа и Унгарија не треба поцврсто да ја врзува својата судбина за блокот, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за бизнис-страницата EconomX.
Унгарија, која ја модернизираше својата економија со милијарди евра од Брисел откако се приклучи пред две децении, во моментов не ги исполнува условите за усвојување на еврото.
За разлика од Данска, Унгарија нема законско ослободување од приклучување кон валутниот блок. Некои од источните соседи на Унгарија, вклучувајќи ги Полска, Чешка и Романија, исто така остануваат надвор од еврозоната, барем засега.
Орбан, кој е на власт од 2010 година, стана сè погласен критичар на ЕУ, која задржа милијарди евра средства за Унгарија поради реформите за владеење на правото.
„Унгарија не треба да ја врзува својата судбина поцврсто со Европската Унија отколку што ја врзува сега, а воведувањето на еврото би било најблиската можна врска“, предупреди Орбан.
Фото: ЕПА
Регион
Пронајдени се телата на браќата од Хрватска во словенечките Алпи

Словенечките планински спасувачи ја продолжија својата акција утрово под врвот Тошќ, во Јулиските Алпи, каде што вчера лавина затрупа тројца хрватски планинари.
Исчезнатите лица, по кои се трагаше од вчера, за жал се пронајдени мртви, објавува словенечки 24ur. Како што неофицијално дознава словенечкиот медиум, двајца од нив биле браќа.
„Ги пронајдовме двајцата – едниот беше закопан околу еден метар во снегот, а другиот околу метар и пол. Првиот успеавме да го транспортираме во долината со хеликоптер, додека сè уште чекаме транспорт за вториот. Самиот терен е многу тежок бидејќи е карпеста, стрмна клисура со бројни карпести скокови, што ја направи работата опасна и тешка за спасувачите. За жал, ќе кажам дека сите тројца планинари што ги пронајдовме во лавината починаа. Им изразувам искрено сочувство на нивните семејства“, рече тој.
Регион
Се уште трае потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

Потрагата по двајцата исчезнати хрватски планинари во Јулиските Алпи продолжи утрово кратко по 7 часот, потврди Словенечката планинска служба за спасување за хрватски Индекс.
Вчера наутро, под врвот Тошќ во Јулиските Алпи беше предизвикана снежна лавина, при што беа затрупани тројца хрватски планинари.
За време на тешкото пребарување и спасување, еден планинар беше пронајден без знаци на живот, додека двајцата мажи сè уште се бараат.
Во потрагата денес е вклучен и хеликоптер.
Екипите веќе тргнаа кон локацијата, но точниот број на вклучени спасувачи сè уште не е познат.
Службата додава дека денешното време дозволува распоредување на хеликоптер, но условите во планините се сè уште нестабилни и постои ризик од нови лавини. Идентитетите на загинатиот планинар и двајцата исчезнати сè уште не се официјално потврдени, но неофицијално хрватските медоуми објавија дека двајцата мажи по кои се трага се браќа.
Шеф на спасувачката служба: Ситуацијата е сложена и опасна
Заменик-шефот на Словенечката планинска спасувачка служба, Клемен Белхар, изјави за ХРТ дека во областа има околу половина метар снег, што не звучи како многу, но создава висок ризик од лавини. Тој додаде дека во планините сè уште има групи алпинисти кои ќе бидат спасени денес и утре.
„Ситуацијата е доста сложена и опасна“, рече Белхар. На прашањето дали има надеж дека преостанатите двајца Хрвати по кои сè уште се трага се сè уште живи, тој одговори: „Секако ќе се однесуваме како да се живи, но колку надеж има, никој не знае“.