Македонија
(Видео) Заев: Ако нема договор, изборите ќе се одржат на 21 јуни

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција порача дека ако не се постигне договор за датум за избори, тогаш тие ќе се одржат на 21 јуни, како што е предвидено со Уставот и законите. По завршувањето на вонредната состојба на 30 мај, според Заев, продолжуваат да течат 22 дена за одржување на изборите.
Затоа, ако некој сака тоа да го одложи, мора да каже како според Уставот и законите да се направи тоа, а не да има неуставно одложување на изборите, па потоа секој да може да ги оспори изборните резултати и тие да паднат пред Уставниот суд, вели Заев.
Лидерот на СДСМ очекува во наредниот период од 7 до 10 дена додека да заврши вонредната состојба, партиските лидери да најдат заеднички прифатливо решение.
„Ако не најдеме решение, законот предвидел како се решаваат сите детали. Како продолжуваат замрзнатите рокови, како се пополнува списокот со оние што наполниле 18 години до денот на гласањето. Уште еднаш напоменувам, се гласа со лична карта и патна исправа. Секој над 15-16 години може да извади лична карта и да не извади, има патна исправа. Ако по автоматизам Избирачкиот список ги има сите внатре, Избирачкиот список е завршен, јавниот увид е завршен. Во писмото господинот Дерковски го потврдува тоа дека сите постапки се завршени и се прифатливи како завршени и продолжуваат од каде што се застанати. Зошто? Затоа што законот дава решение како да продолжат таму каде што се застанати. Не сакам никој тоа да го сфаќа како некој ултиматум. Не, треба да се договориме. Ако не се договориме, да знаат сите дека на 21 ќе има избори со 14 кандидатски листи, ќе се излезе на гласање и верувам дека максимален ќе биде бројот на одѕив на гласачите“, вели Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.