Македонија
(Видео) За шест месеци пријавени 435 случаи на семејно насилство во земјава
Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи на онлајн трибината „Молкот не е решение”, организирана од Форумот на жени на СДСМ, истакна дека родово базираното насилство продолжува да биде едно од најзначајните повреди на човековите права во сите општества.
„Иако од родово заснованото насилство не се имуни ни жените, ни мажите, но практиката и официјалните показатели, сепак, покажуваат дека мнозинството жртви се припаднички на женскиот пол”, рече потпретседателот Спасовски.
Според статистиката на МВР, во првото полугодие од 2020 година извршени се 435 кривични дела, за кои се пријавени 450 сторители. Висок процент од сторителите 91,3 % се мажи кои вршат насилство врз нивните сопруги и родители. Во однос на начинот на извршување на делата, во 341 случај сторителите употребиле физичка сила врз жртвите, нанесувајќи им телесни повреди, 32 случаи се извршени со ладно оружје, а три со употреба на огнено оружје.
„Оттаму, користењето на родово базирано насилство како аспект е важно, бидејќи го потенцира фактот дека многу форми на насилство врз жените се вкоренети во нееднаквостите на моќта меѓу жените и мажите”, заклучи потпретседателот Спасовски.
Во обраќањето потпретседателот Спасовски истакна дека не смее да се занемари бројот на фемициди и тоа 5 случаи во 2019 и 4 во првото полугодие од 2010 година. Токму ваквите бројки се силен мотив уште пожестоко да се посвети на темелно третирање на родово базираното насилство, со искористување на сите можни алатки, ресурси и можности за укажување помош и заштита.
„За нас, постапувањето по пријавите за семејно насилство, во услови на Kовид-19, претставува посебен приоритет. За таа цел, меѓу другото, до сите полициски станици доставивме телефонски броеви од советувалишта, невладини организации кои работат со жени жртви на семејно и родово базирано насилство, како и телефонски броеви од националните сервиси, кои согласно своите програми може да преземат мерки за, сместување на жртвата, соодветна здравствена заштита, психосоцијална интервенција, третман, правна помош и застапување и слично”, кажа Спасовски.
Спасовски информираше дека интернет-странicата на МВР и во сите полициски станици, на видно место се објавени постер и брошурата со телефонски броеви за помош и поддршка, како и електронска адреса за поставување прашања за помош и советување.
„Насилството врз жените и родово базирано насилство не познава ниту имотен, ниту општествен ни образовен статус, ниту вера, туку претставува негативна појава присутна секаде во светот“, истакна членката на ЦО на СДСМ, Јагода Шахпаска. Таа се осврна на Законот против насилство врз жените и семејното насилство, кој се наоѓа во собраниска процедура и изрази надеж дека ќе биде поддржан и од позицијата и од опозицијата.
„Законското решение е наша обрска, но за некои жени претставува прашање на судбина, прашање на живот и затоа ве повикувам да се заокружи со изгласување на законот“, потенцираше Шахпаска.
Во законот е предвидено брзо и ефикасно постапување на сите институции во институционален одговор на секаков обид за насилство, кое покрај фичичко може да биде психично, сексуално, принуда на абортус па и фемицид, рече Шахпаска.Таа додаде дека законот предвидува судот во рок од 24 часа од насилството да донесе одлука за отстранување на строителот од дома од 10 до 30 дена, како и сет мерки и услуги за превремен престој за жените жртви на семејно, нивните деца, жртвите на трговија на луѓе и сексулано насилство, каде ќе им биде обезбедена помош и поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Милошоски-Бунфорт: потенцирана поддршката на Унгарија кон ЕУ интеграциите
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски оствари работна средба со Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан придружуван од Ѓула Шомоѓи, советник и Јулијана Армаш, советник, како и заменик шефот на мисијата Атила Фодор.
На средбата беше потврдена одличната македонско-унгарска соработка и подготвеност за понатамошно унапредување на односите на двете држави во повеќе области. Беше потенцирана заложбата за интензивирање на соработката во економската област преку реализирање на заеднички проекти, како и зближување на двата народа преку зајакнување на пријателските односи и културната размена.
Специјалниот претставник за Западен Балкан Бунфорт, ја потенцираше поддршката на Унгарија кон македонските ЕУ интеграции, истакнувајќи дека членството во ЕУ не претставува награда, туку признание за реформските напори и остварениот напредок во изминатиот период.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Партнерството на СДС со бегалецот од правдата Артан Груби и ДУИ излегува на површина
Дали Јованка Тренчевска и СДС го бранат Груби и дали доброволно се пријавуваат заедно со сите свои колеги да седнат до Груби на обвинителната клупа, прашува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Партнерството на СДС со бегалецот од правдата Артан Груби и ДУИ излегува на површина. Откако со години замижуваа и го одобруваа милионскиот криминал на тогашниот прв вицепремиер Артан Груби, сега кога треба да се соочи со правдата, се ставаат во негова заштита, па дури и ќе се жртвуваат и ќе тонат заедно со него. Имено, потпретседателката на СДС и поранешна министерка, Јованка Тренческа во однос на кривичната пријава за Груби вели дека одлуките на Владата биле колективни и дека ако се докаже дека има вина во случајот, треба сите заедно да одговараат“, вели тој.
Петрушевски додава дека СДС и ДУИ во паника и страв смениле 10 тези откако Груби бил уапсен.
„Дали потпретседателката на СДС го брани Груби за криминалот со кој државниот буџет го оштети за над 8 милиони евра? Или, пак, доброволно се пријавува заедно со сите свои колеги од тогашната влада да седнат на обвинителна клупа заедно со Артан Груби? Дали затоа нервозата во СДС и ДУИ е голема? Дали стравот им е толку голем од тоа што дополнително има да каже Груби? СДС и ДУИ во паника и страв сменија 10 тези откако Груби беше уапсен. Како тргнале до крајот ќе си признаат се“, рече Петрушевски.
Македонија
Тошковски: Безбедноста на нашите деца е заедничка обврска, тие се нашето најголемо богатство
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на интерактивната куклена претстава што се одржа во Дом на култура „Билјана Белочанец“ во општина Кисела Вода, во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Театар Провокација, како дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Тошковски потенцираше дека едукацијата на најмладите претставува еден од најважните сегменти во градењето сообраќајна култура и во заштитата на човечките животи.
„Безбедноста на децата е наш врвен приоритет. Преку вакви активности, кои на децата им се блиски и разбирливи, создаваме генерации што ќе ги почитуваат сообраќајните правила и ќе придонесуваат за побезбедни патишта. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи активно да ги поддржува и да учествува во сите проекти насочени кон подигнување на свеста за сообраќајната безбедност“, истакна Тошковски.
Министерството за внатрешни работи и во иднина ќе продолжи со активности и кампањи насочени кон едукација на децата и младите како една од најранливите категории учесници во сообраќајот, со цел создавање побезбедна сообраќајна средина за сите граѓани, најавуваат од таму.

