Свет
(Видео) Макрон евакуиран од театарот во Париз, демонстранти се обидоа да влезат во зградата
Француските безбедносни сили го евакуираа претседателот на земјата, Емануел Макрон од театарот Ле Буфе ду Норд во Париз поради напад од антивладини демонстранти, јави новинската агенција Анадолија.
Поголема група демонстранти се собрала пред театарот, откако на социјалните медиуми е објавена информацијата дека Макрон се наоѓа во зградата.
Најавениот план на владата за реформи на пензискиот систем во Франција предизвика протести и штрајкови кои траат од 5 декември минатата година.Администрацијата на Макрон со новиот план се залага висината на пензијата да се пресметува врз основа на висината на платата што вработениот ја добивал во текот на целата кариера, а не врз основа на платите од последните пет години од работната кариера.Синдикатите тврдат дека тоа ќе резултира со значително пониски пензии за идните пензионери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

