Свет
(Видео) По седумчасовна престрелка уапсен маж во Филаделфија кој рани шестмина полицајци
Американската полиција го уапси осомничниот за пукањето во северна Филаделфија, по седумчасовна престрелка во која се повредени шест полицајци. Станува збор за 36-годишнио Маурис Хил којшто е во притвор. Елитната единица на американската полиција претходно ослободи двајца полицајци кои биле заробени во еден дом во Филаделфија, од страна на вооружен напаѓач.
Philadelphia Mayor: “Our officers need help. They need help. They need help with gun control. They need help with keeping these weapons out of these people’s hands.” https://t.co/0Z5DJDEsnH pic.twitter.com/ZskSqrKYLf
— CBS News (@CBSNews) August 15, 2019
Се започнало кога полицијата тргнала во акција за апсење на лица поврзани со дрога во северниот дел на Филаделфија. Врз нив бил отворен огран од страна на вооружено лице.Напаѓачот продолжил да пука кон возилото на полицијата паркирано пред куќата.
LIVE: Chopper 3 is live over the scene in the Nicetown-Tioga section after four Philadelphia police officers were shot on the 3700 block of North 15th Street.DETAILS: https://cbsloc.al/2KwMUJ3
Posted by CBS Philly on Среда, 14 август 2019
Полицијата се обидела да преговара со него да се предаде, му се јавувале на телефон, а во преговорите го вклучиле и неговото семејство.
#BREAKING: Massive @Phillypolice response in Nicetown-Tioga as an active shooting situation unfolds injuring at least one officer. We have continuing live coverage. https://t.co/oJDbDy3i2i pic.twitter.com/M2rrCvFtDe
— NBC10 Philadelphia (@NBCPhiladelphia) August 14, 2019
Полицијата ги повика локалните жители да останат во своите домови и да не се доближуваат до областа, каде постојано се пукало. Се појавија и вести дека напаѓачот директно го пренел инцидентот на Фејсбук.
LIVE: Philadelphia Police Commissioner Richard Ross provides an update after six Philadelphia officers were shot during a gun battle.DETAILS: https://cbsloc.al/2KwMUJ3
Posted by CBS Philly on Среда, 14 август 2019
Локалните медиуми објавија дека напаѓачот имал многу оружје и голема количина на муниција.Состојбата на сите повредени полицајци е стабилна и никој не е во животна опасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Напад со дронови во Одеса, најмалку четири лица се повредени, меѓу нив и седуммесечно бебе
Најмалку четири лица, од кои три се деца, се повредени во синоќешниот руски напад со беспилотно летало врз Одеса, објавија денес регионалните власти, наведувајќи дека се оштетени станбени згради и инфраструктурни објекти.
„Нападот со беспилотно летало бил насочен кон станбени згради, логистика и енергетска инфраструктура“, изјави началникот на регионот Одеса, Олег Кипер, во порака на Телеграм.
Воените власти на тој регион објавија дека меѓу повредените има седуммесечно бебе и две други деца, како и 42-годишен маж, пренесува Ројтерс.
Големото црноморско пристаниште Одеса е цел на повторени руски напади со беспилотни летала и ракети, кои ја уништуваат енергетската, сообраќајната и пристанишната инфраструктура, како и станбените делови на тој град, според медиумот.
Свет
Железничка несреќа во близина на Мачу Пикчу: има загинати и повредени во судир меѓу два воза
Машиновозач загина, а најмалку 40 лица се повредени во судир меѓу возови во близина на најпопуларната туристичка атракција во Перу, Мачу Пикчу, пишува Би-Би-Си.
Во соопштението од надлежните се истакнува дека 20 амбулантни возила се испратени на местото на несреќата и дека повредените се префрлени во здравствени установи во блискиот град Куско.
Американската амбасада во Перу објави дека во несреќата се повредени американски државјани, но полицијата сè уште не ги потврдила идентитетите на лицата вклучени во инцидентот.
Локалниот медиум Peru21 известува дека „стотици“ туристи сè уште престојуваат на местото на несреќата и чекаат евакуација, што е „тешко“ поради непристапниот терен околу местото на несреќата.
Најмалку 20 повредени се во сериозна состојба, изјави здравствен службеник за новинската агенција Ројтерс.
Судирот се случил на железничката пруга што ги поврзува станицата Олјантајтамбо и Агуас Калиентес, најблискиот град до Мачу Пикчу. Патувањето помеѓу овие две станици обично трае околу 90 минути.
„Длабоко жалиме за она што се случи“, се вели во соопштението на компанијата PeruRail, додавајќи дека нејзиниот персонал „веднаш“ им пружил прва помош на машиновозачот, кондуктерот и патниците вклучени во инцидентот.
Причината за несреќата сè уште е непозната.
Несреќата се случила во време кога постои тековен спор меѓу превозниците што вршат превоз до местото на светското наследство на УНЕСКО, бидејќи локалните заедници се незадоволни од, како што велат, недоволно транспарентниот процес на доделување концесии.
Возовите и автобусите што ги превезуваат туристите до античкиот град имаат високи цени и можат да бидат многу профитабилни поради ограничената пристапност на локацијата.
Свет
Париз во приправност поради тероризам и банди на новогодишната ноќ
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез испрати писмо до париската префектура во кое властите повикуваат на посебна будност во врска со ризикот од тероризам и бандитска активност на новогодишната ноќ во главниот град на земјата.
„Високото ниво на терористичка закана што продолжува да ја оптоварува националната територија, како и постоењето на тензии на меѓународно ниво, значи дека е потребно да се обезбеди особено зголемен надзор на туристичките, празничните и симболичните места“, се наведува во писмото испратено до полициската станица во Париз, до кое телевизијата BFM имаше пристап.
Како што е наведено, писмото предупредува на ризикот од „феноменот на банди, злоупотреби и акти на урбано насилство, против кои властите имаат намера да се борат со откривање на собири на лица со насилен потенцијал“.
„Целта е да се зголеми видливоста и да се обезбеди одвраќачко полициско присуство во одредени области со голем сообраќај, со поддршка на динамичен систем за видео патролирање“, се наведува во соопштението.
Од безбедносните сили се бара и „да одржуваат зголемен надзор во чувствителните населби или оние познати по редовни епизоди на урбано насилство, прекршувања или конфликти меѓу сопернички банди“.
Се предлагаат и неколку превентивни мерки.
На пример, давателите на социјални станови и менаџерите на најизложените локации и сектори се должни да го блокираат пристапот до покривите на зградите и да обезбедат контејнери за ѓубре.
Како што е наведено, од општините се бара да идентификуваат и отстранат гломазни предмети, контејнери и сите предмети што би можеле да се користат како проектили или што би можеле да послужат како средство за палење.

