Свет
(Видео) Претставничкиот дом изгласа импичмент за Трамп
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа импичмент за претседателот Доналд Трамп, а процесот продолжува во Сенатот, кој треба да реши дали да го обвини и да го отповика од функцијата. Тој е отповикан за два чина: злоупотреба на моќта и опструкција на Конгресот.
Како што се наведува, Трамп ја искористил претседателската власт за да добие помош од странска држава, во случајот Украина да почне истрага против неговиот политички ривал пред претседателските избори во 2020 година. Трамп целиот процес го оцени како „лов на вештерки“ од страна на демократите.
Резултатите од гласањето покажаа дека во законодавниот дом на САД постои ненадминлива поделба по партиска линија.По првиот предмет на обвинувањето, злоупотреба на власта, „за“ гласаа 230 конгресмени, додека „против“ беа 197. По вториот предмет, попречување на законот, „за“ гласаа 229 членови, а „против“ беа 198. За утврдување на импичмент беа потребни гласови од најмалку 216 конгресмени.
Двајца демократи, Колин Петерсон и Џеф Ван Дру, гласаа против. Џаред Голден гласаше „за“ по првото обвинение, додека беше против за второто, додека демократката Тулси Габард беше воздржана.
Претходно, само двајца американски претседатели, Ендрју Џонсон во 1868 година и Бил Клинтон во 1998 година, беа отповикани, но и двајцата останаа да ги завршат своите мандати до крај. Ричард Никсон поднесе оставка во 1974 година, без да дочека гласање за импичмент.
Претставничкиот дом објави импичмент, но Трамп и понатаму е претседател на САД. Неговата судбина сега се префрла во Сенатот на американскиот Конгрес, каде специјално оформен суд ќе је разгледа одлуката на Претставничкиот дом по предметите на обвинението, а бранители ќе ја докажуваат неговата невиност. Процесот треба да го води судијата Џон Робертс, претседател на Врховниот суд на САД.
За отстранување на Трамп од должност треба да гласа една третина од сенаторите, или не помалку од 67. Процедурата се определува од лидерите во Сенатот, во кој републиканците се мнозинство. Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, синоќа по гласањето укажа дека нема брзање утврдениот импичемент да се префрли во Сенатот, сè додека демократите не добијат гаранции за продлабочен и непристрасен суд. И со оние сведоци кои тие побараа лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, да ги повика да сведочат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

