Европа
(Видео) Протести во Мадрид: Нè лажат, не сакаме да носиме маски

Два дена откако шпанската влада објави нови ограничувања, меѓу кои и затворање дискотеки и забрана за пушење таму каде што е невозможно да се задржи растојание од два метра, стотици луѓе излегоа на улиците. Со извици „Слобода“ стотици луѓе се собраа во Мадрид во неделата до протестираат против задолжителното носење маски и други ограничувања воведени за борба со коронавирусот.
Луѓето се собраа на плоштадот Колон во центарот на главниот град по повикот преку социјалните мрежи.
Демонстрантите носеле транспаренти на кои меѓу другото пишувало „Вирусот не постои“, „Маската убива“ и „Не се плашиме“.
Пилар Мартин, 58-годишна домаќинка од Сарагоса, изјави дека дошла во Мадрид на протест затоа што верува оти државите претеруваат со бројките на заразени за да ги намалат граѓанските права.
„Тие нè тераат да носиме маски, сакаат да нè заклучат. Ова се само лаги“, рече таа.
Бројни демонстранти не носеле маски, иако тоа е задолжително во Шпанија.
Носењето маски за првпат беше воведено во почетокот на мај на јавниот превоз, но подоцна беше проширено во земјата во која бројот на починати се приближува до 29.000.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата почна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.