Свет
Видео реконструкција за падот на хеликоптерот во кој загина Коби Брајант
Две недели по несреќата во која животот го загуби Коби Брајант заедно со неговата ќерка и уште седум лица, истражителите ги утврдуваат причините за трагедијата. Според првичните информации, тие ја отфлиле можноста дека хеликоптерот се урнал поради проблеми со моторот. Вештачењето на остатоците од хеликоптерот не укажува на тоа дека тој се соочувал со технички проблеми.
Хеликоптерот се урна на 50-тина километри западно од Лос Анџелес.
Врз основа на официјалните белешки од полицијата, изјавите на сведоците и разговорот со контролата на летање изработена е видео реконструкција на падот на хеликоптерот.
Конечниот извештај на истражителите ќе биде достапен само за една година, а маглата се истражува како една од можните причини за падот на хеликоптерот. Инструмент-таблата е целосно уништена во хеликоптерска несреќа, соопштија истражителите.
Коби Брајант, неговата ќерка и уште седуммина други патуваа навтурнирот во кошаркарската академија „Мамба“ каде требаше да настапи неговата ќерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.