Свет
(Видео) Роверот на НАСА слета на Марс, објавени првите фотографии
НАСА соопшти дека нејзиното летало „Персеверенс“ успешно слета на кратерот Марс именуван по босанскиот град Језеро. Најголемиот и најнапреден ровер некогаш испратен од НАСА слета на Марс по седуммесечно патување од Земјата во должина од 470 милиони километри.
Hello, world. My first look at my forever home. #CountdownToMars pic.twitter.com/dkM9jE9I6X
— NASA’s Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) February 18, 2021
Ги испрати и првите фотографии до контролата на НАСА, на кои се гледа површината на Марс. Намерата е да донесе карпи од Марс, кои би можеле да одговорат дали некогаш постоел живот на таа планета.
НАСА соопшти дека роверот на Црвената планета ќе собира примероци и ќе ги донесе на Земјата за 10 години кога ќе бидат анализирани во потрага по древни облици на живот на Марс.

Слетувањето на роверот беше најризичниот дел на операцијата со оглед дека влегол во атмосферата со брзина од дури 19.500 километри на час, која требаше да ја намалат падобранот и ракетната платформа.

Роверот слета на локација за која се смета дека пред 3,5 милијарди години имало езеро, кое било со ширина од 50 километри.
Ова е историски ден за 1.000 жители на босанскиот град Језеро, чие име Меѓународната астрономска унија во 2007 година му го даде на кратерот широк 49 километри. Роверот со големина на автомобил е деветтото вселенско летало, кое успешно слета на Марс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

