Македонија
(Видео) Спасовски на терен по воведувањето на полициски час: Граѓаните да останат дома и да се однесуваат одговорно
Техничкиот премиер Оливер Спасовски заедно со заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, го посетија контролниот пункт на МВР во Чаир. Двајцата се уверија дека е почнато со спроведување на полицискиот час, а Спасовски порача дека ништо не е исто како порано и побара граѓаните да ги почитуваат мерките на Владата.
Запрашан зошто заедно со нив не е министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, премиерот рече дека тој е на друг контролен пункт со цел да се охрабрат повеќе полицајци и припадници на Армијата.
„Ова е моментот каде што првпат во историјата на државата имаме ограничување на движење на целата територија. Знаете сите дека ништо не е исто, дека се е вонредно и граѓаните знаат дека сите треба да се однесуваат вонредно и одговорно. Треба да ги почитуваат одлуките и наредбите кои ќе ги добијат од овластените службени лица. Да ја почитуваат оваа забрана за движење и дневно движење за групирање. Одговорноста е на сите нас. Ова не е битка само на здравството, полицијата, Армијата, туку на секој еден од нас. Колку подобро се однесуваме, толку подобри резултати и побрзо справување со оваа ситуација“, рече Спасовски.
Тој повторно побара да не се излегува од дома без потреба.
„Да не се излегува од дома без нужна потреба. Така ќе се справиме со вирусот. Сакам да бидеме сплотени и единствени. Да ги почитуваме институциите“, додаде Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

