Свет
(Видео) Спектакуларни огномети и прослави ширум светот
Луѓето ширум светот се собраа синоќа на традиционални прослави за да ја пречекаат новата 2020 година.Жителите на Нов Зеланд и другите пацифички острови беа меѓу првите што ја прославија новата година со спектакуларни огномети, по што следуваа големи огномети и прослави на плоштадите и во Кина, Кореја, Венецуела…
Во Јапонија, граѓаните си посакаа просперитетна година, додека, во согласност со традицијата, биеја ѕвоната во будистичките храмови.
Светот ја дочека Новата година весело и со огномет од Сиднеј до Лондон, иако прославите останаа под сенката на пожарите во Австралија, протести во Хонг Конг и Индија, како и нуклеарни тензии со Северна Кореја.
Со бакнежи, здравица, и огномет на небото беше дочекан почетокот на 2020 година на њујоршки Тајмс сквер.Пред полноќ, луѓето ја запеаја и „Imagine“ на Џон Ленон додека врз беа фрлени околу 1.360 килограми конфети. Во Њујорк настапија и рап-поп-sвездата Пост Малоун, Корејскиот БТС, Сем Хант и Аланис Морисет. Илјадници полицајци беа распоредени во тој дел од градот кој беше надгледуван и од околу илјада дронови со термални камери.
И на Балканот илјадници граѓани ја дочекаа Новата година на плоштадите, без поголеми инциденти. Жителите, но и бројни туристи од регионот и од светот, синоќа ја дочекаа Новата година на плоштадите во Белград, Приштина, Тирана, Атина и Истанбул.
Сараево
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.