Македонија
(Видео) Стоилковски: Новите министри и заменици на Ковачевски се „Пазар 3“ листа за продолжување на криминал
Предлог листата за нови министри и заменици во владата е вистинска „Пазар 3“ листа за спас на владата на Ахмети и Ковачевски, продолжување на рокот за криминал, тендери, кризи и порази за Македонија, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Ковачевски, вели тој, меѓу другото мора да ги образложи предлозите, но не смее да изостави.
„Дали за министер за правда го предлага Кренар Лога, брат на Крешник Лога со кривична пријава за убиство на Дилавер Бојку, од 2020 година, за убиство и убиство во обид? Ковачевски мора да објасни и како за заменик министерка за правда ја предлага Викторија Аврамовска-Мадиќ кога за неа има поднесено кривична пријава до ОЈО за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата, тешка 75 илјади евра, но и да објасни како додека таа е генерален секретар на Скопје, зетот од сестра добива над 4 милиони евра, како познатите скали од фирмата Армор Плус? И овие двајца треба да го водат министерство за правда и да ја исправат довербата од јавноста од само 3%?“, истакнува Стоилковски.
Според него, Ковачевски треба да објасни дали за министер за здравство го предлага Фатмир Меџити, и дали е тоа истиот доктор кој што е конфликтен, корумпиран, дали е поврзан со скандали со шверц на лекови, претседател на УО на ФЗОМ во време на скандали, а функцијата ја добива само заради кумашинската врска со Арбен Таравари?
„Ковачевски треба да каже дали Маја Манолева што ја предлага за заменичка за здравство е истата Маја Манолева, којашто не ги почитува антикорупциските норми и ДКСК мораше јавно да ја повикува дека додека е директор на ЈЗУ „Завод за фисикална медицина“ не може да има приватна установа „Физиоплус др. Манолева“- и дали немало повеќе од судир, препраќање на пациентите од јавно во приватното семејно здравство? Притоа, е и потпретседател на Лекарската Комора.
Кога станува збор за одбраната, Ковачевски мора да каже дали е по НАТО стандарди да предлага човек којшто демонстрирал за Илирида? Односно, да каже и дали Тирон Јајага кого го предлага за заменик на Славјанка „Стани Цаци“ Петровска бил вратен во Македонија од мисијата во Брисел заради учество на протест за Илирида додека е член на мисијата во НАТО, а по смена на власта во 2017 бил помилуван за случајот?
Ништо поразлично не е ако се прочепкаат и другите предложени имиња од Ковачевски, како Каја Шукова за министерка за животна средина, која што и во 2020 во име на СДС ветуваше чист воздух, мерки, за сега дури и Берово е загадено!“, потенцира тој.
Новата заменичка во земјоделство Вјолца Бериша, како што истакнува, сама треба да објасни дали се помирила и ги заборавила загинатите во пожарот во модуларната болница за што ги обвинуваше токму СДС и ДУИ, и држеше пресови во кои порачуваше „ние нема да дозволиме рециклирање на измами и нема да ги заборавиме починатите во пожарот“. Очигледно, до министерско столче!
Ковачевски, според Стоилковски, треба да објасни и за мотивите за предлог на новиот заменик министер за образование, дали сега со полициски методи Агим Нухиум ќе го утишува револтот во образованието од немање учебници и другите поразителни скандали и зафати?
„Ковачевски би требало да каже дали токму референцата дека бил советник на премиер во влада на ВМРО-ДПМНЕ, е пресудна за да Азир Алиу биде поставен за министер за администрација?
Од се погоре е јасно дека во овој избор на нова влада со рок од неполни 10 месеци, Македонија во услови на енергетска, економска, финансиска, должничка, криза нема да добие никаков квалитет туку единствено се пополнуваат редовите во Собрание за задржување на тенкото мнозинство! Причина за тоа се тендерите, договорите во четири очи и обид да се избега од правдата!“, подвлекува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски
Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ.
СДСМ, како што рече, ова го најавиле уште во декември 2024 година.
„Сега само се потврди пред очите на македонската јавност. Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. На овој начин ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога кој води до врвот на Владата на Мицкоски. Но и бројните скандали со криминални тендери за кои повеќе од 80 дена нема никакви оддговори.
161 тендер за семејна фирма на Томовски, 51 тендер за „Пирамид Билдинг“, 74 тендери за „Ленди Груп“, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендер преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ“.
Според Кузеска, сите тендери водат до најтесниот круг околу Мицкоски а повеќе од 80 дена нема реакција од обвинителството.
„Повеќе од 20 денови нема одговори за 5 тони дрога, нема одговори за сликите со Симе, за Адамовиќ. Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата но ќе добијат театар, како денеска.
Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски.
Сакаше да се претставува како чесен, но по бројните скандали, скапите часовници и луксузирањата на грбот на народот со авион веќе е прочитан од граѓаните.
Copy-paste по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е во пад највува некое апсење. Немаат одговор на скандалите, веднаш прават дефокус“.
Се отвори прашањето, додава таа, кој од актуелните функционери во Владата на Мицкоски ќе одговара и затоа, според неа, им е потребен Артан Груби.
Цела, како што оценува, е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ.
„Како што се поврзуваше кампањата со марихуаната од Струмица, како што имавме можност да видиме и со оваа најава на Жан, со купишта натписи пред неколку недели за наводна поврзаност меѓу СДСМ и ДУИ. А вистината е дека ВМРО-ОКГ се во дил со ДУИ. Власта го презема судството и обвинителството под своја контрола, се рушат предметите на СЈО сега е вистинско време Груби да се предаде. Кој се смее кога го апсат? Како нема ниту една камера од 65 илјади за 5 тони дрога а има камери за Груби? Ова нема да помине. Секој што го прекршил законот ќе одговара“.
Македонија
СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв оти тој би можел да изнесе информации поврзани со, како што наведуваат афери и криминали во кои учествувале поранешни владини функционери.
„Ги разбираме од СДС, тие се нервозни и фрустрирани зошто Артан Груби е уапсен и сега може да изнесе податоци за аферите и криминалите за кои здружно работеа со Зоран Заев, Вице Заев, Оливер Спасовски, Венко Филипче“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека СДСМ се обидува да ги затскрие трагите и на тој начин да се спаси себе си.
Слично размислува и ВЛЕН. Оттука претходно истакнаа дека во ДУИ владее нервоза затоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан, за кого велат дека е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ.
Груби кој беше вицепремиер во периодот на владеењето на СДСМ и ДУИ, беше упасен утрово на граничниот преним Блаце, на влез во Македонија поради сомневања за криминал во Државна лотарија. Во бегство беше една година.
Македонија
Мојсоска: Кој не ги виде машините во изворот што ја снабдува Струга со вода?
Кои институции ’не го виделе’ копањето и машините во самиот извор кој ја снабдува цела општина Струга со вода, прашува пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку социјалните мрежи, посочувајќи дека според член 100 од Закон за минерални суровини јасно е утврдено кој е одговорен за надзорот над експлоатацијата на минерални суровини.
Во објавата таа ги посочува Државениот инспекторат при Министерство за животна средина и просторно планирање, инспекциските служби во Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и ОЈО Струга.
„Ниту обвинителите во Струга, ниту МВР ’не знаеле’ и ’не виделе’ дека машини се поставени во самите извори, во населено место и дека копаат без концесија/ со истечена концесија (според официјалните информации од ОЈО Струга). Улогата на обвинителството и МВР е превентивна (а не откако ќе се случи екоцид) – ама вработувањето на клатоглавци го зема својот данок“, пишува Мојсоска.
Дополнително Мојсоска поставува прашање во врска со постапувањето на терен. Таа посочува дека ОЈО Струга официјално известило дека „додека на терен собирале докази, ги затекнале машините на двете фирми кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите”. Во таа насока прашува зошто не се одземени машините од фирмите со кои се фатени во вршење кривично дело, како што предвидува член 100 од Закон за минерални суровини.

