Свет
(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека генерали на американската армија му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку 78 лица, е предизвикана од некој вид бомба.
REPORTER: Are you confident the #Beirut explosion was an attack?
PRESIDENT TRUMP: "…I've met with some of our great generals & they seem to feel that it was." — "They would know better than I would. They seem to think … it was a bomb of some kind, yes." pic.twitter.com/2MjVRqAoKE
— Breaking911 (@Breaking911) August 4, 2020
„Се сретнав со некои од нашите големи генерали и изгледа дека тие мислат оти тоа не е настан предизвикан од некаква фабричка експлозија. Се чини дека тие мислат оти станува збор за напад. Тоа било еден вид бомба“, рече Трамп.
Неколку либански официјални лица претходно изјавија дека експлозијата во магацин во пристаништето во Бејрут, најверојатно, била предизвикана од 2.750 тони амониумнитрат, кој се чувал непрописно повеќе години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

