Македонија
(Видео) Шекеринска: Крај за десороизацијата, нема дополнителен данок за невладините
Владата дала позитивно мислење, а Собранието донело автентично толкување на законот со кое се појаснува дека граѓанските организации не треба да плаќаат дополнителни средства во буџетот за активности кои се нивна основна дејност. Ова следува откако во 2016 година пред Државната изборна комисија, Никола Груевски повика на таканаречена „десоросоизација“, а инспекции беа испратени во голем број невладини организации кои беа критички настроени кон тогашната власт и им беа одредедувани огромни суми парични казни. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека преку ваквата „злоупотреба на институциите, Владата на Груевски сакала да ги замолчи, казни и да ги уништи финансиски сите граѓански организации кои не ги делеле ставовите на тогашната власт“.
„Казни им беа наплатени затоа што носеле државни службеници на обука на конференции, а не плаќале дополнителни даноци, за нешто што е нивна основна дејност и за што соработувале дури и со државните институции. Сега, автентичното толкување појаснува дека граѓанските организации не требале да плаќаат дополнителни средства во буџетот за тие активности. Ова толкување докажува дека Владата не сака да остава сиви зони со кои денес или утре било кој може да го уценува, притиска или да манипулира. Со оваа одлука се стави крај на злоупотребата на институциите од ваков режимски карактер и ставаме точка на овој прогон наречен „ноќ на долгите ножеви“, која реално нашата држава ја претстави во светло на најлошите автократски режими“, рече Шекеринска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

