Свет
(Видео) Шестгодишно дете е застрелано во пукањето во Калифорнија
Шестгодишнно дете загина во пукањето на фестивал за храна во Калифорнија. Според медиумите, Стефан Ромеро (6) бил убиен заедно со уште две лица што присуствувале на последниот фестивалски ден во Гилрој.
this was the scariest moment of my life, mj and I ran as fast as we could, we had to go through a hole in a fence into the hiking trails, im wearing sandals & my feet are so dirty, I don’t wish this on anyone ever pic.twitter.com/0OWvzuzKCC
— ??♀️julissa (@julissamoraless) July 29, 2019
„Моите мисли и молитви се со семејствата на оние што ги изгубија своите животи и оние што закрепнуваат во болницата. Длабоко жалам поради веста за Стефан Ромеро, се молам дека Бог ќе му даде сила на неговото семејство“, изјави Фред Товар од Градскиот совет на Гилрој.
Working at the festival today. Praying for everyone to make it home?? #PrayForGilroy pic.twitter.com/YcfvUPXcQz
— Cynthia Saldivar (@CynthiaSal24) July 29, 2019
Бабата на Стефан, Марибел Ромеро, изјави за медиумите дека Стефан веќе бил мртов кога таа пристигнала во болницата.
„Јас само се надевам дека има правда и дека ќе го фатат и другиот напаѓач. Сакам правда за мојот внук“, изјави Ромеро. Таа вели дека нејзината снаа и другата баба на Стефан биле исто така застрелани и хоспитализирани.
Полицијата сè уште испитува дали имало втор напаѓач вклучен во пукањето, во кое загинаа три лица, а 15 се повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

