Македонија
(Видео) Јавно му понуди, на маса не разговарале: Јовев требало да праша ако сакал да биде советник кај Меџити
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во интервјуто за „Макфакс“ посочува дека кога се сретнал со кардиохирургот Сашко Јовев, но не разговарале за да биде советник во министерскиот кабинет. Иако понудата беше јавна, Меџити посочува дека темата не била начната за разговор, па додава: „Ако прашуваше професорот јас ќе му понудев“. Оставка поднел и вториот директор на Кардиохирургија.
„Без разлика на се таа тема е мислам апсолвирана. Таму не отиде само еден директор, си поднесе оставка и другиот директор организацискиот. Тие имаат взаемна одговорност, јас го повикав и другиот директор и се договорив со нив, дали да го разрешам или да си поднесе, подобро е да си поднесе и покултурно и похумано“, рече Меџити.
Прашан дали смета дека Јовев спие на работа, Меџити одговори дека никогаш не кажал такво нешто.
„Јас сепак сум одговорно лице, сум министер за здравство и јас не сум кажал за Јовев дека спие, напротив јас ви објаснив, мислам дека оваа тема е веќе апсолвирана, ќе видите дека кардиохирургија и Македонија како држава ќе продолжи и после Јовев, почитуваниот професор ќе се посвети повеќе на пациентите“, додаде Меџити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

