Македонија
ВМРО-ДПМНЕ : Владиниот кабинет во сенка бил стациониран во станот на Боки 13
„Владиниот кабинет во сенка бил стациониран во станот на Боки 13. Од таму се координирала операцијата Рекет. Од таму се бирале жртвите и начинот на кој што блиските соработници на Заев ќе им одземат милиони евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, во станот на Боки 13 редовно имала сеанси половина влада на чело со Зоран Заев. Во станот биле редовни Шекеринска, Филипче, Кирацовски и останати високи владини и партиски функционери.
„Сите тие го гледале луксузот во кој што живее Боки 13 и милионите со кои се расфрла и знаеле дека тие не се законски и чесно заработени. Затоа Димитров го криел криминалот пријавен од странски дипломати, а Заев не може да се сети и да докаже кога пријавил. Затоа Спасовски комуницирал со рекетарите наместо да ги апси, а Боки 13 бил предупредуван да не контактира со жртвите на рекетот кои се охрабрувале да го пријават криминалот на политичко-медиумско-обвинителскиот октопод. Затоа е јасно дека сите од прв до после де лажат за своите контакти и соработка со Боки 13.
„Илинденска бб“ е адресата на која што завршува содржината на фамозната торба „Луј Витон”, која стана олицетворение за криминалот и корупцијата на Зоран Заев и неговата криминална банда. На цела држава и е јасно дека 2 пати амнестираниот криминалец не можеше да се воздржи да не биде дел од уште една мулти-милионска криминална измама. Тоа е начинот на кој што функционира Зоран Заев. Тоа е неговиот модус операнди, закани, уцени, притисоци, рекет, мито, поткуп и корупција. Начинот на кој раководеше со општина Струмица е начинот на кој што тој раководи со Владата на Република Македонија. За само 3 години криминално рекетарската банда на чело со аболицираниот Заев изрекетира повеќе од 20 милиони евра. Како што бараше 1 евро за Вицето, сега бара милиони евра од политичари и бизнисмени. Цела Влада знаела за рекетот. Сведок во процесот информирал амбасадор за уцените и изнудите тешки 2 милиони евра, а известен бил и Димитров за рекетирањето од страна на партнерите на Заев“, велат од партијата.
Според нив, Димитров наместо да застане на страна на правдата тој не го пријави случајот во обвинителството и не ги известил надлежните органи. Димитров треба да е свесен дека самото непријавување е кривично дело, а органите на прогонот треба да ја најдат причината за ваквата постапка.
„Дали станува збор за лукративни побуди или на тој начин си ја обезбедувал блискоста со Заев.Одговорност мора да има, и политичка и кривична за криминалот и корупцијата, тоа ќе се случи само кога правосудниот систем во Македонија ќе се ослободи од стегите на власта. Тогаш ќе одговараат оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои се ставиле во заштита на криминалот“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

