Топ
Возило удри во кабина за пасошка контрола, повреден е полицаец

Синоќа околу 22.30 часот на автопат Табановце – Куманово, на Граничен премин Табановце, се случила сообраќајна незгода меѓу возило „опел инсигниа“, со италијански национални ознаки, управувано од А.Р.(47) од селото Желино, „цитроен“ управуван од Љ.А.(18) од Куманово и „фолксваген пасат“, со словенечки национални ознаки, управуван од Г.И.(52) од виничкото село Истибања. Притоа, возилото „опел инсигниа“ удрило во кабина за пасошка контрола, во која се наоѓал полицискиот службеник Е.Ф.. Во незгодата, Е.Ф. се здобил со повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Мерцедес“ се заби во група пешаци во Штутгард

Автомобил „мерцедес“ денеска удри во група луѓе на пешачки премин во центарот на Штутгарт, Германија, при што се повредени неколку лица, соопшти полицијата која го уапсила возачот.
Инцидентот се случил околу 17:50 часот на фреквентна крстосница со повеќе ленти во центарот на Штутгарт.
Според првичните информации, „мерцедесот“ удрил во група пешаци на пешачкиот премин кај трамвајската станица Олгаек. Иако првично беше објавено дека се повредени три лица, подоцна беше соопштено дека се повредени осум, а тројца се сериозно повредени.
Спасувачите се присутни на местото на настанот за да им помогнат на повредените.
Очевидци изјавија дека тешко теренско возило удрило во жена која носела количка. Фотографиите од местото на несреќата покажуваат уништена количка на трамвајските шини.
Се уште не е јасно дали возачот намерно удрил во пешаците.
„Истрагата се движи во сите правци“, изјави портпаролката на полицијата.
Областа околу раскрсницата е затворена за полицијата и службите за итни случаи, а градските и метро линиите се суспендирани до понатамошно известување.
Возачот на „мерцедесот“ е уапсен.
Македонија
Ахмети вели дека ако излезе на улица нема враќање назад, „Вреди“ со коментар дека улицата е на народот, а не на милионерите

Можно е симпатизерите на ДУИ да излезат на улица, вели Али Ахмети, поради случајот со ексминистерот, Крешник Бектеши, кој се гони за лиценцата за дискотеката „Пулс“ во Кочани каде изби смртоносниот пожар.
Според Ахмети, се работи за политички прогон, а рече дека нема да се повлечат додека не се обезбеди неселективна правда и предвремени парламентрни избори.
„Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори“, рече Ахмети за ТВ24.
Попладнево стигна реакција од неговите почитички опоненти Вреди/Влен кои велат дека улицата е на народот, а не на милионерите што се плашат од правдата.
„Дваесет години на власт – никогаш на улица за народот, секогаш во тишина за правдата. Сега, кога системот што си го изгради за себе се руши, Али Ахмети плаче за „улицата“, оти му се лизга тронот од раце и лажицата од уста!“, велат од коалицијата.
Го прашуваат Али Ахмети, каде бил кога во времето на неговото владеење со Груевски, Албанците се гушеле по затвори, а на нивното име се лепела етикетата „терорист“. Каде бил кога се измислувал Монструм, кога Сопот бил обвинет за тероризам, кога во Бродец се пролеала албанска крв, кога во Диво Насеље биле искористени за валкани политички сценарија.
Се додава дека денес, ДУИ се обидува да се претстави како жртва – ама единственото нешто што навистина ги плаши е правдата и гласовите на народот.
Свет
Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Русија и Украина

САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија откога Владимир Путин одби да се согласи на прекин на огнот, објави американскиот Стејт департмент.
Стејт департментот соопшти дека ја менува методологијата на својот придонес во преговорите и дека повеќе нема да „лета во светот на секој повик поради одржување мировни состаноци“, објави „Телеграф“.
„Секако, ние остануваме посветени на помагањето и ќе направиме сè што можеме. Но, она што се промени е тоа што повеќе нема да летаме на половина пат околу светот кога некој ќе нè повика да посредуваме на состаноци. Сега тоа е прашање меѓу двете страни. И сега е време тие да презентираат и да развијат конкретни идеи за тоа како ќе заврши овој конфликт. Топката е на нивен терен“, изјави портпаролката на Стејт департментот за новинарите, според медиумот.