Топ
Вулканот на Хаваите сѐ поактивен, забранети летови во опасната зона

Вулканот на Хаваите почна да лансира проектили со големина на микробранова печка, пишува „Ројтерс“.
Ако продолжат да се остваруваат предвидувањата на експертите, вулканот Килауеа што исфрла лава веќе 10 дена ќе влезе во фаза на експлозивни ерупции кои ќе исфрлат огромна количина пепел и камења во воздухот. „Ројтерс“ потсетува дека ерупција од вакви размери не се памети од минатиот век.
Поради активноста на вулканот, забранети се многубројни летови во опасната зона со оглед на тоа што постои голема веројатност вулканската пепел да влезе во моторите на авионите и да ги оштети.
„Се очекуваат уште експлозии и ќе бидат посилни“, велат од Американскиот геолошки институт и објаснуваат дека ваквите огнени топки, тешки и по неколку тони, би можеле да разнесат пепел на оддалеченост од 6 километри.
Ако се реализира до крај ваквото сценарио, делот околу вулканот што веќе е покриен со ситни честички вулкански песок, ќе биде покриен со пепел, а воздухот ќе биде загаден од вулкански смог и ќе биде невозможно непречено да се дише.
Покрај вулканската активност, Хаваите постојано го тресат и силни земјотреси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Полициска потера на патот Скопје – Велес: испукан предупредувачки куршум, криминалците со возило излетале од коловозот

Вчера во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишија од слобода 45-годишниот Н.А. и 23-годишниот А.Ј. од Скопје.
Лицата кои се осуденици, но биле на отпуст од КПУ Идризово, додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на улицата „Панче Неделковски“ во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш се преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода.
Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје- Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија. Кога полициските службеници, кои биле со службено возило „мазда“ се обиделе да го престигнат возилото „ренџ ровер“, возачот на возилото „ренџ ровер“ во два наврати удрил во полициското возило.
Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но возилото „ренџ ровер“ не застанало туку продолжило да се движи и во близина на Нова Колонија излетало од патот. Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Европа
Орбан: Зеленски ја користи својата вообичаена тактика, но унгарскиот народ одлучи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за „користење на неговата вообичаена тактика на морална уцена“.
„Се испостави дека претседателот Зеленски сака да одлучи што е најдобро за Унгарците. Тој повторно ја користи својата вообичаена тактика на морална уцена за да ги принуди земјите да ги поддржат неговите воени напори.
Почитуван господине претседателе, со сето должно почитување, Унгарија нема морална обврска да го поддржи пристапувањето на Украина во ЕУ. Ниту една земја никогаш не влегла во ЕУ преку уцена – и тоа нема да се случи ниту овој пат.
Договорот за ЕУ не остава простор за двосмисленост: членството се одлучува едногласно од земјите-членки. Унгарскиот народ одлучи. Тие со огромно мнозинство рекоа „не“ на членството на Украина во ЕУ на референдум. Ако сакате да го промените тоа, медиумската кампања што ја водите против Унгарија веројатно не е најдобриот начин да се добијат пријатели“, напиша Орбан на Икс.
Зеленски вчера на прес-конференција со холандскиот премиер Дик Шуф изјави дека Украина ќе стане членка на ЕУ без оглед на ставот на Орбан. „Украина ќе биде во ЕУ, со или без Орбан, бидејќи тоа е избор на украинскиот народ“, нагласи Зеленски.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украински напад на 2000 километри од фронтот: рафинерија погодена во далечниот Сибир

Украински беспилотни летала наводно го нападнале сибирскиот град Тјумен доцна синоќа, на повеќе од 2.000 километри од линијата на фронтот, известија локалните руски претставници, пишува „Киев Индепендент“.
Службениците во рускиот Тјуменски регион објавија на „Телеграм“ дека три украински беспилотни летала биле соборени над „индустриски објект“ во градот. Тие додадоа дека немало пожари, жртви или експлозии за време на нападот и дека објектот работел „без прекин“.
Сепак, рускиот медиумски канал ASTRA на Телеграм објави, повикувајќи се на локалните жители, дека целта на нападот веројатно била рафинеријата за нафта Антипински, која се наоѓа во југоисточниот дел од градот.
Жителите објавија дека слушнале експлозии и виделе бројни противпожарни возила на патот помеѓу 20 и 21 часот по локално време. Проукраинските канали на социјалните медиуми објавија дека Украина поставила нов светски рекорд за најоддалечен напад од таканаречени самоубиствени дронови.
BREAKING:
Ukraine has set a new world record for the longest suicide drone strike in a war.
Ukrainian suicide drones have hit a Russian oil refinery in Tyumen, 2100 km (1300 miles) away from the Ukrainian border.
The previous record on 1800 km was set in August. pic.twitter.com/waMkgzIG9A
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 6, 2025
Руското Министерство за вонредни ситуации одговори на нападот со соопштение во кое се вели дека немало пожар во рафинеријата. „Киев Индепендент“ не беше во можност независно да ги потврди овие тврдења, а украинската војска сè уште не го коментираше нападот, иако е веројатно дека биле користени дронови со долг дострел.
фото: принтскрин