Свет
Германски научник: Имам 600 докази дека вирусот е направен во лабораторија
Германскиот нанонаучник Роланд Визендангер тврди дека постојат докази оти коронавирусот не преминал од животни на луѓе, туку потекнал од лабораторија. Научник од Хамбург за германските медиуми изјави дека имал вкупно 600 докази од 2019 и 2020 година.
„Информациите за вирусот и многуе публикации во професионални списанија и на социјалните мрежи покажуваат дека короната е резултат на несреќа во лабораторија. Короната доаѓа од лабораторијата во Вухан“, тврди Визендангер.
Според него, вирусот многу добро се закачува на рецепторите на човечките клетки и успева да навлезе во нив, што не било карактеристично за претходните соеви на коронавирус и укажува на неприродно потекло. Тој исто така истакна дека лилјаците не се нудат на пазарот во центарот на Вухан, кој беше наречен епицентар на инфекцијата.
Визендангер очекува во следните недели и месеци да има дополнителни студии и истражувања за потеклото на коронавирусот и се надева на докази што ќе ја поткрепат неговата теза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

