Македонија
Голема полициска акција, претреси на повеќе локации во Скопје

Затворски полицајци и дел од поранешното раководство на затворот во Шуто Оризари се под истрага за злоупотреби.
Обвинителството потврди дека утрово се вршат претреси на повеќе локации.
„Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје“, информираа од Обвинителството.
Подетални информации се очекуваат во текот на денот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Шемите на Заев и Димова го исцрпиле Буџетот на Агенцијата Еразмус за над 2,5 милиони евра. 2,5 милиони евра, европски пари кои потоа Европската заедница ги побара назад од државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата на СДС, секогаш ќе остане синоним за криминал, корупција и неспособност. Каде и да се појавеа ја посрамотуваа државата и самите себеси. И на домашна и на меѓународна сцена.
Чест на исклучоци, но во СДС скоро сите поранешни функционери, директори, министри, се поврзани со некаков сомнеж или пак сторен криминал.
Лидија Димова го оштети Буџетот на Агенцијата на која што беше директорка за над 20 милиони денари, за случај за која е осудена со уште две лица. Затоа СДС молчи и се одзива кога ќе се спомне Димова. На крај, ќе речат дека ја познаваат од телевизија.
Тогашниот премиер Зоран Заев, ја присили Димова да не поднесува кривична пријава за криминал вреден 2,2 милиони евра. Пари кои биле украдени од координирана мрежа во Националната агенција која завршува во тогашниот кабинет на Зоран Заев.
Затоа и деновиве кога СДС ќе излезе со соопштение или прес-конференција, народот не им верува.
Затоа што народот е свесен дека тие се синоним за криминал и корупција.
Затоа што народот знае дека скоро секој поранешен функционер од СДС има направено криминал, а тој криминал го штити обвинителството и судството. Оваа слика мора да ја промениме!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Влен“: ДУИ го претвори Охридскиот Договор во средство за лично збогатување и прикривање на неуспесите

„Поминаа 24 години од потпишувањето на Охридскиот договор, најважниот документ за рамноправност на Албанците во Северна Македонија, но сенката од неговата нецелосна имплементација продолжува да ги оптоварува државните институции. Сите го знаеме главниот виновник: ДУИ, партијата ‘нонграта’ која беше на власт 22 години по ред и која, наместо да го претвори Договорот во реалност, го користеше како изборен банер и банкомат за лично богатење“, велат од „Влен“.
„Фактите зборуваат сами за себе: Во 2013 година, тогашниот Секретаријат за спроведување на Охридскиот договор објавил тендер од 6 милиони денари за „анализа“ на спроведувањето на рамковниот договор. Победник, според информациите, беше компанијата „ТАГ Комуникации“, во сопственост на лице близок со ДУИ и по својата позиција во државните структури контролирани од оваа партија!
Парите на граѓаните се трошеа на „анализи“, „конференции“ и „трибини“, додека од друга страна создаваа илузија за напредок. Скапо платените анализи препорачуваа мерки што ДУИ никогаш не ги спроведе: законски обврски за правична застапеност во државните компании, справување со говорот на омраза во Кривичниот законик, децентрализација со конкретен буџет и решавање на статусот на жртвите од 2001 година. Ништо од ова не стана реалност затоа што за ДУИ, Охридскиот договор не беше алатка за еднаквост, туку алатка за тендери, богатење и криење зад измислени анализи секогаш кога нивните неуспеси стануваа очигледни.
ВЛЕН ги повикува граѓаните да не стануваат жртви на пропагандата на партија која две децении го користеше аманетот од 2001 година за тесни лични интереси.
Решени сме целосно да го спроведеме Охридскиот договор, не на хартија, не на празни конференции, туку во секојдневниот живот на секој граѓанин на албанец.
Најјасен доказ за ова е историското усвојување на Законот за правична и соодветна застапеност, голема политичка победа, епохална пресвртница во институционалната еднаквост, правна гаранција што става крај на 20-годишната неправда. Овој закон не е само член во службен тефтер, тој е печат на нова ера за Албанците, тоа е сигурност дека нашиот глас никогаш повеќе нема да биде игнориран во нашата земја“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
Активни два пожари на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Центарот за управување со кризи извести дека во последното деноноќие, до 7 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се се уште активни.
Се уште гори во подрачјето „Јасен“, во општина Македонски Брод, и во општина Струга, Октишка краста, каде што гори ниска вегетација.
Под контрола се ставени три пожари: oпштина Сарај 2: село Радуша кон село Дворце каде што гори ниска вегетација, општина Арачиново (гори ниска вегетација) и општина Демир Хисар, село Мало Илино (гори дабова шума).
Како што соопшти ЦУК изгаснати се 20 пожари.