Свет
Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во екот на пандемијата на коронавирусот.
Гутереш изјави дека пандемијата на коронавирусот довела до најголемо нарушување на образованието во историјата во повеќе од 160 држави, што ќе влијае врз повеќе од милијарда ученици. Покрај тоа, најмалку 40 милиони деца во светот ја пропуштиле својата критична предучилишна година.
Како резултат на тоа, тој предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа, што може да доведе до губење незамислив човечки потенцијал, да поткопа децении напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости.
„Ние сме во клучен момент за децата и младите од овој свет“, рече Гутереш во видеопораката на почнувањето на кампањата „Спаси ја нашата иднина“. Тој оцени дека враќањето на учениците во училниците треба да биде главен приоритет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Јапонија ќе гради високо автоматизирани воени бродови за Австралија

Јапонија денеска потпиша договор вреден 10 милијарди австралиски долари за изградба на воени бродови од следната генерација за Австралија, што претставува најзначајна продажба на јапонска одбранбена технологија од укинувањето на забраната за извоз на воена опрема во 2014 година — чекор што го оддалечува Токио од поствоениот пацифизам.
Според договорот, компанијата Mitsubishi Heavy Industries од 2029 година ќе ѝ испорачува на Кралската австралиска морнарица надградени повеќенаменски фрегати од класата Mogami.
Овие високо автоматизирани воени бродови, дизајнирани за лов на подморници, напад на бродови и противвоздушна одбрана, ќе можат да се управуваат со само 90 морнари — помалку од половина од екипажот потребен за сегашните бродови.
Австралија планира да ги распореди новите бродови за одбрана на клучните поморски трговски рути и северните морски подрачја кон Индискиот и Тихиот Океан, каде што Кина сè повеќе ја зголемува својата присутност и активности.
Регион
(Видео) Српски министер доживеа мозочен удар во емисија во живо

На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ утрово му се слоши за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата Пинк. Емисијата беше нагло прекината, а неофицијално се знае дека станува збор за тежок мозочен удар.
Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата Пинк, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниту еден цел збор. Водителите го прашаа неколку пати дали се чувствува добро, но тој не можеше да одговори, па програмата беше прекината.
UDARNO: Hitno prekinut program na Pinku! Glišić se šlogirao u sred emisije?!
Ministru za javna ulaganja Darku Glišiću naglo je pozlilo uživo u jutarnjem programu na Pinku. pic.twitter.com/otIuN977tP
— Mario ZNA (@MarioBojic) August 5, 2025
Министерот за здравство, Златибор Лончар, изјави дека состојбата на Глишиќ е сериозна и дека тој бил донесен во Ургентниот центар во несвесна состојба.
Глишиќ беше итно префрлен во болница, каде набрзо пристигна српскиот претседател Александар Вучиќ. Глишиќ се смета за еден од неговите најблиски соработници.
Дарко Глишиќ е министер во Владата на Србија од мај 2024 година. Тој е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година е претседател на Извршниот одбор на СНС.
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави заедничка фотографија на својот Инстаграм профил со министерот и напиша: „Даре држи се! Нема предавање“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин
Свет
Ердоган доаѓа во Киев на покана од Зеленски – наскоро нова рунда преговори?

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во наредните денови ќе ја посети украинската престолнина Киев, на покана на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува агенцијата Turkiye Gazetesi, повикувајќи се на украинскиот амбасадор во Анкара, Нариман Џелјал.
Амбасадорот Џелјал најави дека еден од главните фокуси на средбата ќе биде ратификацијата на Договорот за слободна трговија помеѓу Турција и Украина.
Очекувањата се дека разговорите ќе го опфатат и ангажманот на Анкара за мирно решавање на војната во Украина.
По трите претходни рунди преговори што се одржаа во Истанбул, Ердоган изрази оптимизам дека наскоро може да се случи нова рунда преговори меѓу Украина и Русија, насочена кон ставање крај на конфликтот.
Третата рунда разговори беше одржана на 23 јули во Истанбул. Беше договорена размена на затвореници, но не беше постигнат значаен напредок кон прекин на огнот.
Ердоган неколкупати изјави дека Турција е подготвена да организира средба на високо ниво, штом бидат создадени потребните услови. Потенцијалната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски би била прва директна средба по 2019 година, кога дискутираа за прекин на борбите во источниот регион Донбас.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така потврдил дека би присуствувал на таков состанок, доколку до него дојде.
Путин неодамна изрази подготвеност да се сретне со Зеленски, веднаш штом двете делегации ги завршат неопходните подготовки.