Свет
Една година по појавата на Ковид-19: вирусот зарази 55 милиони луѓе и одзеде 1.300.000 животи
Пред точно една година регистриран е првиот случај на коронавирус. Станува збор за 55-годишен маж од кинеската провинција Хубеи. Оттогаш, бројот на заразени лица во светот надмина 55 милиони, а повеќе од 1.300.000 луѓе починаа од последиците предизвикани од овој вирус.
Нулта пациентка е регистрирана, според „Чајна морнинг пост“, на 17 ноември 2019 година во кинеската провинција Хубеи. Тоа е повеќе од еден месец пред лекарите да ги регистрираат првите случаи во Вухан. Научниците се сомневаат дека Ковид-19 од лилјаците преминал на друго животно, по што започнал да се шири меѓу луѓето.
Експертите тврдат дека од 17 ноември минатата година, по неколку пациенти биле пријавувани секој ден, а на 15 декември 2019 година, бројката се искачила на 27. Потоа бројките тогаш почнаа вртоглаво да се зголемуваат, а заразата ја премина кинеската граница и се рашири низ светот. Речиси не остана ниту една област на земјината топка каде што не продре опасниот вирус.
Иако повеќе од 38 милиони луѓе закрепнале за една година, вирусот не се откажува и се чини дека врвот допрва доаѓа. Денес, најнаселената земја во светот, од каде започна сè, бележи неколку случаи на ден, додека во САД има 150.000 новоинфицирани, а во некои европски земји над 40.000. Повеќе од 86.000 луѓе се заразени во Кина од почетокот на пандемијата, а 4.634 починале. Во моментов, најголем број заразени има во САД, Индија, Бразил, Франција и Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Руските граѓани му поставија над 1,6 милиони прашања на Путин за годишната емисија
Повеќе од 1,6 милиони прашања дојдоа од граѓаните на Руската Федерација за програмата „Преглед на годината со Владимир Путин“, која ќе се емитува на 19 декември во 12:00 часот по московско време, објавија денес руските медиуми.
Собирањето прашања за оваа емисија започна на 4 декември во 15:00 часот по московско време и ќе продолжи до крајот на програмата, објавува РИА Новости.
„Годишен преглед со Владимир Путин: примени се повеќе од 1,6 милиони прашања. Оваа година, како и во 2024 година, апликацијата GigaChat ќе ги транскрибира прашањата за директната линија“, објави Кремљ.
Во соопштението се наведува дека до денес се примени 702.000 телефонски повици, 327.000 прашања преку Max Messenger, 262.000 СМС пораки, 175.000 барања преку социјалните мрежи, 61.000 преку веб-страницата, 49.000 ММС пораки и 20.000 преку апликацијата, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

