Македонија
Македонија во мај добива 119.000 дози, ЕУ ќе испрати 651.000 вакцини за регионот
Австрија потврди дека ЕУ планира да дистрибуира 651.000 дози вакцини на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус во шест земји од Западен Балкан од мај до август, од кои 119.000 дози се наменети за Македонија .
„Со оваа иницијатива покажавме дека не сакаме регионот на Западен Балкан да заостанува зад Европската Унија“, рече австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг на прес-конференција, пренесува Ројтерс.
Европската комисија во јануари претстави план за механизмот за поделба на вакцините, а Австрија потврди дека таа ќе биде координатор на помошта за Западен Балкан и дека оваа дистрибуција може да ја следат и други.
Австрискиот министер исто така рече дека вредноста на испораката е 11 милиони евра и дека вакцините ќе се плаќаат од фондовите за помош на ЕУ на земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во Унијата.
„Ова нема апсолутно никаква врска со обезбедувањето вакцини за Австрија или за другите земји на ЕУ“, рече Шаленберг, чија влада се соочува со зголемено незадоволство во јавноста од бавното темпо на вакцинација.
Исто така, беше потврдено дека вакцините ќе бидат дистрибуирани од почетокот на мај и дека Босна и Херцеговина ќе добие 214.000 дози, а потоа следат Албанија со 145.000 и Северна Македонија со 119.000 дози, додека пак за Србија се наменети 36.000 вакцини.
Ројтерс наведува дека Србија има една од највисоките стапки на вакцинација во Европа, но дека во четири други земји од поранешна Југославија и Албанија кои не се членки на ЕУ, имунизацијата е многу побавна и дека недостатокот на вакцини во Босна и Херцеговина предизвика улични протести од незадоволни граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

