Македонија
Зибери не е тестиран на Ковид-19, гласал во кабина оти не се чувствувал добро
„Пратеникот Арбен Зибери, кој вчера не присуствуваше на седницата, но дојде само за гласањето и гласаше во изолирана кабина, не бил ниту во изолација ниту, пак, бил тестиран за Ковид-19“, велат од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Претседателот и вчера уверуваше дека нема опасност за здравјето на останатите пратеници оти за гласањето на Зибери биле преземени сите мерки предвидени во протоколот доставен од Комисијата за заразни болести.
„Пратеникот не беше на седница воопшто. Тој не се чувствувал добро. Не е ни изолиран ни тестиран за Ковид-19. Тој лично не се чувствувал добро и од колегијален аспект го информирал претседателот на Собранието дека не се чувствува добро. Оттука, по протокол од Комисијата за заразни болести што ни беше доставен преку препораките (во случај некој да се двоуми, односно субјективно да сугерира дека не се чувствува добро) подготви посебен простор за гласање. На горниот кат постои кабината за превод определена за таа намена. Кабината беше дезинфицирана и пратеникот дојде само во моментот на гласање. Директно од автомобил се качи во лифт па во просторијата за гласање. По завршување на гласањето тој се врати со лифтот и влезе директно во автомобил, немаше контакт со никого“, објаснуваат од кабинетот на Џафери.
По гласањето на Зибери, лифтот не бил во функција до моментот на дезинфицирање.
Арбен Зибери беше директор на Центарот за јавно здравје Скопје кого министерот Венко Филипче го разреши со објаснување дека пласирал неточни изјави во јавноста со што директно наштетил на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

